
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Нутриционист
Леќа
Леќата изобилува со растителни протеини, витамини од В групата, како и минерали, железо, фосфор, манган, цинк и др.

Леќата е едногодишно растение од семејството Fabaceae кое нашироко се одгледува како зрнеста култура и припаѓа во групата на легуминози, кои се карактеристични по големата застапеност на растителни протеини, витамини од В групата, како и минерали, железо, фосфор, манган, цинк и др. Богата е и со растителни влакна, а не содржи масти и холестерол.

Леќата е мал, но многу хранлив член од семејството на легуминози. Многу добар извор е на растителни влакна, кои помагаат во намалување на холестеролот. Покрај тоа, ги регулира нарушувањата на шеќер во крвта, бидејќи со високата содржина на растителни влакна го спречува брзото зголемување на шеќер во крвта по оброк. Леќата, исто така, е одличен извор на седум важни минерали, Б-витамини и протеини, а е речиси без масти. Протеинскиот состав ѝ е многу добар, така што обезбедува многу есенцијални аминокиселини, неопходни како примарна состојка за растење, за обновување на клетките и за отпорност на организмот.
Леќата е одличен извор на фолна киселина и магнезиум, кои се од голема важност за виталноста на срцето. Фолната киселина го намалува нивото на хомоцистеин, сериозен фактор на ризик за срцеви заболувања, a магнезиумот го подобрува протокот на крв, кислород и хранливи материи во телото. А растителни влакна кои ги содржи помагаат да се негува и балансира цревната флора, како и природно да се третираат други дигестивни нарушувања како нервозно дебело црево и дивертикулоза.
Илија Бузлевски
