VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Летен Вргањ

Вргањот (Boletus edulis Bull.:Fr.) е печурка која буди најмногу интерес кај љубителите и собирачите на печурки. Има посебен сладок вкус, извонреден квалитет и хранливост. Може да се најде во периодот од месец јуни до месец ноември во листопадни и зимзелени шуми.

Опис на видот: Плодното тело се состои од шапка и од дршка. Хименофорот е составен од
цевчиња и се наоѓа на долната страна од шапката.

Шапката има пречник од 5 до 30 сантиметри или поголема. Полукружна е, потоа испупчена
и на крајот плосната, но никогаш вдлабната. Површината е светкава и малку леплива. Опсегот
на боите се движи од кремова, портокалово-црвена, розеникава до костенлива, па дури и потемна.

Цевчињата се 8 - 30 mm долги, имаат сунѓересто ткиво, прават каналче околу дршката и лесно се одвојуваат од месото на шапката. Во текот на растот цевчињата ја менуваат својата боја. Тие се прво бели потоа жолти и на крајот се зелени. Цевчињата завршуваат со пори (мали отвори) со иста боја кои стојат затворени подолг период, заоблени и аглести. Цевчињата и порите не ја менуваат бојата на притисок.

Дршка: 5 – 20 сантиметри висока, 2 – 7 сантиметри широка како буренце, потоа цилиндрична,
цврста, бела до светло-кафеавa со белузлава мрежа која е делумно видлива во горниот дел од дршката.

Месото е цврсто, а подоцна станува помеко, бело до белузлаво, со пријатен мирис (како орев)
со типичен вкус. Шапката не менува боја кога ќе се пресече.

Живеалиште: расте во шуми и е во микориза со дрвјата. Плодните тела се јавуваат на површината од земјата и растат поединечно или во групи.

Слични и сродни видови: Родот Boletus вклучува околу 20 видови од кои најпознати во
Македонија се: Boletus edulis, Boletus pinophilus, Boletus aereus и Boletus reticulatus. Boletus edulis лесно се заменува со овие видови. Сите тие имаат цевчиња и пори кои на почетокот се бели, потоа жолти и зелени на крајот. Имаат бела мрежа и не ја менуваат бојата на допир. Разликите се следниве:

- Boletus aereus има шапка со црна до чоколадно-кафеaвa боја, расте во дабови и костенови шуми. Тоа е вид од Европската црвена листа. Во Република Македонија е дел од Прелиминарната црвена листа на печурки и не треба да се собира.

- Boletus pinophilus има шапка со црвенокафеaвa или костенлива боја, бојата на работ на шапката е посветла. Најчесто расте под борови.

- Boletus reticulates живее во листопадни шуми, и има шапка со посветла до белузлава боја. На
суво време шапката испукува во ситни лушпи.

Делови кои се собираат: Плодното тело.

Време на собирање: јуни – ноември.

Алатки за собирање: Собирањето се врши рачно.

Метод на собирање: Се собираат со завртување со цел да се зачува мицелиумот неоштетен. Полека се завртуваат и внимателно се извлекуваат од почвата. Местото од кое е извлечено плодното тело се покрива со околниот супстрат. Собирајте здрави печурки, заедно со целата дршка. Особено се ценети печурки со пори и со шапки широки од 4 до 8 сантиметри. За собирање се употребуваат сламени кошници. На местото на собирање треба да се остават најмалку 20% недопрени печурки. Плодните тела не смеат да се собираат ниту да се сечат со нож. Не се собираат незрели, недоволно развиени (дијаметар на шапката помал од 2 сантиметри) или стари (кафеави или скоро црни листови), црвливи или примероци кои се наоѓаат во близина на сообраќајници или депонии.

Третман по собирањето: Се употребуваат во свежа состојба. Може да се сушат, саламурат, маринираат или да се замрзнуваат.

А. Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë