
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Лажна вест е дека Битолските пазари се затвораат-демантира ЈП „Пазари“
Битолскиот пазар редовно продолжува со работа

Несовесни лица објавиле вест дека двата пазари во Битола , Градскиот зелен пазар и Новиот реонски пазар се затвораат, а за да биде лагата поубедлива на оваа лажна вест ставиле и лого од Општина Битола. Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски вели дека веста е лажна, двата пазари нормално ќе работат за што во изминатите неколку дена се дезинфицираа и миеја во согласност со препораките на Владата за спречување од ширење на коронавирусот.

За лажната вест се огласи и Општина Битола.
-Почитувани граѓани, лажна вест е дека Битолскиот пазар се затвора. Злоупотребен е знакот на Општина Битола, за да се изнесе невистина која не е пласирана ниту од ЈП „Пазари“, ниту од ЈП „Комуналец“. Битолскиот пазар деновиве активно се дезинфицира, во насока на препораките за заштита од корона вирусот, како за продавачите, така и за граѓаните. Битолскиот пазар редовно продолжува со работа, а за откривање на сторителите на оваа лажна вест, веќе побаравме да биде откриен сторителот од страна на СВР Битола, пишуваат од општината.
А.Г.
