
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Купувајте безбедно и проверено месо од месарниците
Почнувајќи од денес, и за време на целиот продолжен викенд, заради празниците Курбан Бајрам и Илинден, многу граѓани на своите трпези ќе послужат месо. Агенцијата за храна и ветеринарство, апелира до сите да внимаваат од каде ќе ги набавуваат продуктите

Курбан Бајрам и Илинден се едни од најголемите празници кои се чествуваат кај нас. Пред нас се четири дена исполнети со богати трпези и слави, но тоа со себе носи ризици не само поради актуелната пандемија со Ковид 19, туку и поради безбедноста на раната која ќе се консумира.
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и во прашање се доведува и здравствената заштита на оваа категорија животни.

Со цел да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира граѓаните да не купуваат животни од диви пазари, односно месо да набавуваат од одобрени месарници.
Движењето на животните да се врши исклучиво со поседување на сертификат за здравствена состојба на секоја единка а колењето да се врши во одобрени кланици од страна на Агенцијата. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за внатрешни работи ги засили контролите на движењето на животните.
Б.А.Н.
