VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Organic

Корисни факти за органското производство 2

Некои важни бенефиции за органски фармери и органска храна на потрошувачите

- Без оглед на производите кои се произведуваат, добро смислена стратегија за преод може да им овозможи на конвенционалните земјоделци, преку употреба на ефективни органски практики да преминат во органски производители за три до пет години.
- Органските фарми поддржуваат постоење на значително повисоки нивоа на биолошка разновидност, особено во низините, кога животните можат да се шетаат или да пасат на пасишта. Не само што дивиот свет има корист, туку и цели екосистеми, коко и системите на подземните води се подобруваат со едноставна примена на органски земјоделски методи.
- Органските сточарски практики не се само од корист за земјоделците и потрошувачите, туку и за целиот животински свет. Кога животните пасишта на органски пасишта се хранат со органска храна, тогаш тие се со подобро здравје, има помалку болести и во крајна линија даваат поквалитетно млеко, јајца и месо.
- Органски одгледуваните производи не содржат штетни хемикалии, вештачки ароми и конзерванси.
- Консумираето на органска храна го намалува ризикот од инфаркти, мозочни удари и рак.
- Побарувачката за органски одгледувана храна е во континуиран пораст. Продажба на органски производи во моментот е сектор со најбрз раст во земјоделството. Продажбата во текот на последните 6 години продолжува да расте со над 20% годишно.
- Во текот на нареднит 10 години аналитичарите предвидуваат продажба на органски производи на светско ниво да надмине 100 милијарди долари. Порастот најмногу ќе се забележи во САД, Јапонија и низ Европа (извор: IFOAM, меѓународната федерација на органско земјоделско движење).
- Илјадници корпорации се насочуваат кон барањата на потрошувачите со додавање на органската храна на нивните производни линии. Корпорациите како Луфтханза, Ер Швајцарија и Нестле започнаа со позиционирање на нивните производи и услуги кон потрошувачите на органски производи, дури и McDonalds започна со воведување на органско млеко во Шведска.

- Доколку производот е под органска сертификација, можете да бидете сигурни дека не содржи ГМО (генетски модифицирани организми).
- Се проценува дека конвенционалните земјоделци користат повеќе од 300 различни пестициди во процесот на производство на неорганска храна.
- Со оглед на тоа што поголемиот број на органските ѓубрива и пестициди може да се произведе на локално ниво, годишните трошоци направени од страна на земјоделецот се исто така ниски.
- Земјоделството во голема мера зависи и од надворешни фактори како што се климатските услови, штетни инсекти и болести. Дополнително, повеќе од малите фармери се зависни од природниот дожд за наводнување. Затоа во случај на природни катастрофи, напад на штетници или болест и нередовни врнежи од дожд, кога има уништување на посевите, малите земјоделци кои практикуваат органско земјоделство трпат помала штета, согласно со нивните пониски инвестиции.
- Малите земјоделци и нивните заедници имаат изобилство на традиционално знаење. Поголемиот дел од ова традиционално знаења не може да се користат во конвенционалното земјоделство. Кога станува збор за органско земјоделство, земјоделците можат да ги користат традиционалите знаења.
- Во случај на органско земјоделство, малите земјоделци не се зависни од оние кои обезбедуваат хемикалии.
- Нутритивната вредност на храната во голема мера зависи од содржливите витамини и минерали. Во оваа смисла, органски одгледуваната храна содржи поголем процент на минерални материи во споредба со конвенционално одгледаната храна.
- Порари тоа што го потикнува животот на почвата, органското земјоделство исто така ги жнее придобивките од полесниот пристап на растенијата до хранливите материи од почвата. Голема корист за потрошувачите на органска храна е тоа што се ослободени од контаминација со хемикалии кои му штетат на здравјето како што се пестициди, фунгициди и хербициди.

- Кај населението во индустријализираните општества кое се храни со конвенционална храна, има нагорен тренд на болести поврани со изложеност на токсични хемикалии.
- Органски одгледаните растенија имаат поправилна клеточна и метаболичка структура, во однос на оние кои се одгледуваат конвенционално. Како резултат на тоа, органски одгледуваната храна е поотпорна на мувла и гнилеж и може подолго да се чува.
- Органски одгледаните растенија во правилно избалансирана почва е отпорна на повеќето болести и штетни инсекти и полесно се справува со присатните плевели.
- Бидејќи хемиските ѓубрива се растворливи, растенијата се принудени да ги апсорбираат секој пат кога имаат потреба од вода. Тие имаат добар раст додека водата е лесно достапна. Штом водата е во ограничени количини, клетките на хемиски хранетите растенија не се во состојба осмотски да привлечат доволно вода за одржување на безбедно разредување на растворливите минерални соли. Тие за кратко време постигнуваат токсични концентрации, при што растението го прекинува својот развој и раст, венее и има многу краток животен век.
- Органското земјоделство го поттикнува производството на храна без уништување на еколошките ресурси, обезбедувајќи одржливост не само за сегашните туку и за идните генерации.

AG

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë