VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Organic

Корисни факти за органското производство 1

Некои важни бенефиции за органски фармери и органска храна на потрошувачите

Органското земјоделство во основа користи повеќе практики, а тоа се:
- Плодоредот како предуслов за ефикасна употреба на ресурсите на лице место.
- Не применува вештачки ѓубрива и синтетички пестициди.
- Има многу строги ограничувања во примената на антибиотици кај добитокот и примена на адитиви и конзерванси во храната.
- Апсолутна забрана за употреба на генетски модифицирани организми.
- Ги искористува предностите од локалните ресурси, преку замена на вештачкото ѓубриво со природното и користење на здрава храна произведена на самата фарма.
- Малите земјоделци и нивните заедници имаат големи познавања за земјоделието. Поголемиот дел од ова знаење се однесува на минатото кога нивните предци го применувале традиционалниот и природен начин на земјоделството.
- Органското земјоделство не е нов метод. Тоа датира години наназад, кога секое семејство поседувало своја земја на која одгледувале култури и имале производство на храна за лични потреби.
- Комерцијалното земјоделство кое применува хемиски ѓубрива се појавило во минатиот век. Само пред едно столетие не постоеше интензивно земјоделство, ниту пак хемиска индустрија која произведува вештачки ѓубрива.
- Органското земјоделство дава предност на растителни и животински видови кои се потпорни на болести и прилагодливи на локалните климатски услови.
- Органското земјоделство бара одгледување на добитокот во отворени простори и неговата исхрана ја базира на органска храна.
- Органското земјоделство применува сточарски практики адекватни на различните видови на добиток.
- Органското земјоделство не одобрува употреба на антибиотици во храната за добиток, што е рутина во конвенцијоналното земјоделство, иако е познато дека тоа може да има опасни последици.

- Органското земјоделство ги намалува токсините и загадувачите кои ја контаминираат нашата вода, почва и воздух.
- Почвата е основата на синџирот на исхрана и затоа таа е во примарен фокус на Органското земјоделие. Моментално се соочуваме со најголемата појава на почвена ерозија досега, предизвикана од модерното земјоделство кое практикува интензивна употреба на хемикалии врз почвата.
- Органското земјоделство се стреми да одржи рамнотежа неопходна за здрави екосистем. Изумирањето на голем број видови е еден од нашите најважни еколоши проблеми.
- Многу органски земјоделци со децении собираат и зачувуваат стари семиња и одгледуваат невообичаени сорти.
- Органското земјоделство е добро за животната средина, подобро за бизнисот, има поголема енергетска ефикасност и повкусни производи.
- Органското земјоделство ги одржува руралните заедници витални. Тоа може да биде еден од начините за опстанок на една фамилијарна фарма и одржување на руралните заедници.
- Зголемувњето на побарувачката на органските производи од руралните заедници дополнително ќе ја зајакне нивната финансиска состојба.
- Вештачкото ѓубриво кое се користи во конвенционалните култури предизвикува забрзан раст и зголемена количина на вода во производите. Врз основа на волуменот на плодот, органската храна има повеќе „сува материја“. Токму поради ова органското производство има поголема нутритивна енергетска вредност.
- Генетски модифцираните организми (ГМО) и нивните делови не се дозволени во органското поизводство.
- Цената на органската може да е повисока од онаа на конвенционалната храна, бидејќи ја одразува вистинската цена на одгледување на храна преку замената на интензивна употреба на хемикалии со труд, индиректни здравствени и еколошки трошоци кои се на товар на општеството. Овие трошоци вклучуваат чистење на загадената вода и санација на контаминација од пестициди.
- Постојат докази дека ако се вметнат сите индиректни трошоци на конвенционалното производство на храна, цената ќе се изедначи со цената на органската храна или уште поверојатно, органската ќе биде поефтина од конвенционалната храна.

- Органски проеизведената храна мора да ги исполнува строгите правила согласно законските одредби кои не важат за конвенционалната произведена храна.
- Интензивната употреба на работна сила која се користи во органското производство се најчесто (иако не секогаш) поскапи од рутинската употреба на хемикалии на конвенционалните фарми.
- Цената, сепак е многу зависна од местото на продажбата и изборот на потрошувачот. Сепак можно е да се консумира органска храна и да се применува ваквата храна со умерени цени преку директно набавување на производите од самите земјоделци, во места каде што се зелените пазари.
- Истражувачите откриле дека со примена на органските земјоделски методи, конвенционалните земјоделци всушност можат да ја намалат цената на нивните производи за повеќе од 25%. Тоа може да се постигне со елиминирање на користењето на синтетички ѓубрива и пестициди, со што пак се минимизира ерозијата на почвата до 50% и ќе се зголемат приностие во рок од пет години.
- Органското производство има потенцијал да произведува приноси со квантитативно целосно совпаѓање со приностие на конвенционалните култури. Производителите кои поминуваат преку 3-годишен транзициски период од конвенционално кон органско управување, обично искусуваат почетно намалување на приносите, се додека микробите од почвата не се стабилизираат и целиот енергетски циклус не се доведе во ред, од која точка па понатаму приносите се доведуваат до претходното ниво.
- Органското производство има повисока премија и предност при продажба – цените на органската храна обично се 20-30% повисоки од цените на конвенционалната храна. Ова би значело повисока премија и подобар приход за малите земјоделци, од кои многумина се уште се борат да постигнат подобра ликвидност од своите фарми. Дури иако не се постигне повисока премија, кога потрошувачите купуваат храна секогаш ја бираат органската пред конвенционалната.

AG

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!