VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Компир-енергетска бомба

Ртењето на клубените е најголем проблем кој се јавува во неколку наврати во текот на зимата и видно ја намалува свежината, тежината како и загубата на скроб кај компирот, вели Зорица Јанкуловска Мицковска, соработник во Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството

Скромната намирница наречена компир има важна улога во развојот на човештвото. Се нарекува подземен резервоар на енергија бидејќи изобилува со скроб и обезбедува доволно енергија и нутритивни компоненти за организмот, особено за време на глад и сиромаштија. Многупати во текот на историјата го спасувал човештвото од глад за време на војни и им го подобрувал животот на многу сиромашни луѓе. Ова растение први почнале да го одгледуваат Индијанците во Перу пред повеќе од 4.000 години, а во Европа е донесен кон крајот на 16 век. Името потекнува од баварскиот збор „грунтбир“ што во превод значи „круша од земја“.
Постојат различни видови: млад, црвен, жолт, бел и подоцнежен (со повеќе скроб, погоден за пире и за приготвување тесто). Овој зеленчук претставува една од најхранливите билки во светот. Тврдењето дека компирот дебелее воопшто не е точно, напротив, истражувањата покажуваат дека компирот има токму спротивен ефект, брзо предизвикува ситост, а има малку калории. Се разбира, станува збор за печен или за варен компир. Пржените компири не само што не се здрави, туку и ја зголемуваат телесната тежина поради големото количество маснотии што ги содржат.

Во зависност од сортата времето на вадење на компирот е различно, најчесто е крај на август или почеток на септември. Во време кога надземниот дел од растението целосно ќе се исуши. Компирот се вади кога е суво да не се задржува влажна земја на клубените, која подоцна може да биде извор на патогени и да доведе до скапување во складиштата.
Компирот треба да биде здрав, сув и неоштетен. Клубените кои се заразени и механички оштетени треба веднаш да се одвојат, доколку на клубените има остатоци од земја, кал треба да се измијат и потоа да се исушат. Сушењето на компирот да биде во сенка ( најдобро се суши на темература од 10 – 15˚С ) бидејќи на сонце клубените добиваат зелена боја ( се создава хлорофил ) и при тоа се создаваат материи кои се штетни за исхрана на луѓето. Појавата на зелената боја е показател дека во клубените се наоѓа зголемено количество на алкалоидот соланин. Тој компир при употреба треба добро да се излупи ако е зелен и во средината не се употребува за јадење. Во исхраната не се користат клубени компир кои содржат повеќе од 20 мг соланин. По сушењето компирот се класира на здрави клубени кои ќе се подготват за чување и оштетени клубени кои побрзо ќе се искористат или исфрлат. Класирањето се врши и по големина, покрупните клубени се оставаат за употреба за подоцна бидејќи подолго остануваат свежи, и поситните компири може успешно да се чуваат, но може да се одвојат и чуваат како семенски компир за наредната сезона ( исучиво само здрави клубени ).
Како што објаснува Зорица Јанкуловска Мицковска, соработник во Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството, `ртењето на клубените е најголем проблем кој се јавува во неколку наврати во текот на зимата и видно ја намалува свежината на клубените, тежината како и загубата на скроб. Периодот на мирување е вонглавно сортна одлика некои сорти во зависност од нивните физиолошки каректеристики започнуваат да `ртат многу рано после бербата. Во случај кога компирот се чува повеќе месеци се препорачува негово третирање ,,запрашување “ со хемиски средства наречени уште ,,инхибитори” за спречување на `ртењето и размножување на клетките.

Таа советува дека од хемиските средства најчесто се користат прашива како туберит и туберофен. Прашивата се употрбуваат во доза од 100- 120 гр/100 кг компир. Со запрашување со овие средства компирот неколку месеци нема да `рти, ќе остане свеж и сочен. Важно е да се знае дека ова средство е регулатор на растот и неговата каренца е 42 дена, и овој компир не се користи за исхрана во наредните месец и половина. Дел од компирот кој ќе се користи во овој период не се третира исто така не се третира компирот кој се планира да се користи како семенски наредната сезона. Компирот кој бил запрашен обавезно пред употреба треба да се измие со вода. Просторијата каде се чува компирот треба да биде темна, ладна и сува, чиста и дезинфицирана. Оптимална темпертаура за чување на компирот е од 8 – 12˚С , релативна влажност на воздухот од 90 -95 %. Компирот мрзне на температура од - 2˚С . Чувањето на компирот може да биде и во трапови. Траповите може да бидат површински и земјани, со обезбедена хоризонтална и вертикална вентилација, со цел да се сочува компирот , да биде здрав и да не изгуби од тежината. Компирот се пакува во гајби ( дрвени и пластични ) или во мрежести вреќички. Важно е да има воздух, но никако не се користат за пакување најлонски вреќи или пластични кутии.
Компирот почесто треба да се прегледува најмалку 1-2 пати месечно да не има скапани или из`ртени клубени. Компирот треба да се чува одвоено од кромид и овошје бидејќи лачат етилен кој доведува до порано `ртење на компирот. Исто така компирот треба да се чува и од глувци и од други глодари, вели Јанкуловска Мицковска.

Б.А.Ноциќ

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë