VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Organic

Како се препознава органска храна?

Органската храна треба да биде безбедна и да има врвен квалитет. Органската храна генерално имаа поприроден мирис, вкус и боја.

Како да препознаам органска храна?

Органските производи се обележуваат со посебна ознака, која гарантира дека ги задоволуваат стандардите за органско производство. Во Македонија овие производи се означуваат со сонце околу кое вирее фиданка. Кога ќе наидете на производ со оваа ознака бидете сигурни дека се работи за органски производ.
Европската унија има сопствена ознака за органски производи. Таа има облик на лист составена од ѕвезди кои се преземени од знамето на ЕУ. Оваа ознака може да се сретне и на производи кои се увезени на нашиот пазар.

Како да знам дека храната означена како органска е навистина таква?

Производството на органската храна е строго регулирано и контролирано. За да се обезбеди почитување на законски утврдени правила за органското производство, овластени контроли и сертификациски тела најмалку еднаш годишно вршат стручна контрола над производителите, преработувачите и увозниците на оргнски производи. Ваквите контроли се под надзор на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку соодветни инспекциски органи кои вршат надзор на придржувањето на прописите за органско производство, се изредкуваат соодветни казнени мерки, а може да се одземе и правото на употреба на ознаката за органски производи.

Што е органска храна?

Тоа се прехрамбени производи кои се одгледани на незагадена почва и произведени со здемјоделски, биолошки и механички методи кои не се штетни по здравјето на луѓето, животната средина и природната рамнотежа. Органското земјоделско производство прифаќа дека постои директна врска меѓу нашето здравје и начинот на кој се произведува храната што ја консумираме. Тоа ја почитува моќта на природните процеси за да создаде здрави фарми.
При органскиот начин на производство и преработка на храна се дава предност на употребата на материи и производи кои се добиени на природен начин. Употребата на вештачки ѓубрива, хемиски пестициди, хормони, конзерванси, адитиви, генетски модифицирани плодови и состојки или други синтетички материи е сведена на минимум, односно во најголемиот дел е недезволена. Името органски производ, односно органска храна е дадено поради органските материи и методи со кои земјоделеците ги заменуваат овие вештачки материи.

Зошто би купиле органска храна?

Органската храна не го нарушува здравјето, имено имаат високи здравствено-безбедносни стандарди, пред сè затоа што почвата на која се произведуваат е незагадена и не се употребуваат штетни материи при производството. Органските производи содржат повеќе хранливи материи, како што се природните шеќери, витамин Ц, каротиноиди, антиоксиданси и поголеми количини минерални матери како калциум, мегнезиум и железо, исто така содржат помалку шттни нитрати, поради неупотребата на вештачки ѓубрива во производството. Во конвенционалното земјоделско производство се употребуваат повеќе од 400 различни пестициди, па нивните остатоци честопати се присутни во храната и тие можат да предизвикаат нарушување на здравјето. Најдобар начин да се одбегнат овие хемиски пестициди е со користење на органски производи во чие производство нивната употреба не е дозволена.
Органските производи имаат помалку адитиви. Одредени адитиви можат да бидат канцерогени или да предизвикаат други видови на нарушување – како на пример хиперактивност кај децата. Во производството на храна во Европската унија се користат 290 адитиви, додека во производството на органската храна е дозволено да се користат само 32 строго определени адитиви. Поради оваа причина, може да се каже и дека органската храна има поприроден мирис, вкус и боја.
Исто органските производи не се произведени со употреба на хормони, антибиотици и други синтетилки лекови кои може да предизвика рак или изложеност на бактерии – отпорни на антибиотици.
Органската храна не содржи генетски модифицирани плодови или состојки, имено генетската модификација претставува манипулација со гени и нивно внесување по вештачки пат во генетскиот материјал на некој организа. Генетски модифицираните плодови или состојки се забранети во органското производство.
Во органското сточарство се применуваат мерки за грижа за животните. Системот на органското производство на храна води исклучителна грижа за благосостојба на животните. Животните се напасуваат на незагадени високопланински пасишта, а на фармите тие се одгледуваат во т.н. отворен систем кој овозможува слободно движење и природно однесување.

Зарем не е органската храна поскапа?

Производителите на органските производи се придржуваат до строги и повисоки стандарди на производство, а имаат и дополнителни трошоци за задолжителна сертификација на нивното производство и трошоци за редовни контроли од страна на надлежните институции. Дополнително, откажувањето од употребата на вештачки препарати во производството понекогаш резултира и со помали приноси кај органските фармери.
Поради овие причини во Европска унија и на други развиени пазари, органските производи може да имаат повисока цена од онаа на производите кои не се произведуваат по органски пат. Сепак, поради големата конкуренција на пазарот во Македонија, цената на органската храна се приближува кон цената на храната која не е одгледана и произведена на органски начин.
Од друга страна потрошувачите кои се свесни за врската помеѓу квалитетот на исхраната и здравствената состојба на човекот, се подготвени да купат здрави производи и секако да платат нешто повисока цена за нив. Со тоа се добива и активен придонес за заштита на животната средина.

Кои видови на органска храна ги има на нашиот пазар?

Во изминатава деценија бројот на органски фармери во Македонија е зголемен десет пати. Дел од тие производи се:
Овошје: аронија, капини, малини, боровинки, грозје, сливи, јаболка, киви, лубеници, дињи, тикви;
Зеленчук: компири, домати, пиперки, грашок, кромид, морков;
Житарици: пченица, пченка, јачмен;
Млеко и млечни производи: козјо млеко, овчо млеко и сирење;
Месо и месни производи: овчо, јунешко;
Пчелни производи: мед, прополис
Пречурки: вргањ, лисичара, јајчара, ријница, црна труба, ливадарка;
Пијалоци: вино, сок
Други преработки: доматен сос, вински оцет, маџун, мармалад, ајвар.
Извор:organskisvet.mk

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë