VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Како правилно да се подготват рибниците за крап?

Внимателната подготовка на сите сегменти од рибникот за крап е од голема важност како од производен така и од здравствен аспект, вели Ѓоко Данаилов, советник во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството


Во Македонија областите за риболов опфаќаат околу 56.000 хектари од кои 83% се природни езера (Охридско, Преспанско и Дојранско), 11 % се вештачки езера, 4% се реки и 1% се рибници. Рибарството има многу мал удел во БДП (само 0,1%) и вработувањето во рибарскиот сектор е истотака на ниско ниво. Вкупниот лов на риба од отворени води постојано се намалува, додека производството на вештачки рибни езера се зголемува.
Законот за рибарство го регулира комерцијалниот риболов, спортскиот риболов и прозводството на риба. Секторот за рибарство е под надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостоанство, која издава дозволи на комерцијални компании и спортски рибарски здруженија и издава дозволи за изградба на рибни фарми. Националниот Земјоделски Инспекторат е задолжен за мониторинг и контрола. Во Македонија нема рестрикција на вкупната количина на фатена риба, но режимот за користење на рибни производи од водите за риболов се базира на годишни програми, кои ги земаат во предвид биолошките карактеристики на дозволените рибни видови за размножување и риболовот е пропорционален со природната стапка на пораст. Спортскиот риболов е ограничен на одреден број на денови во годината и на употреба на дозволена опрема за риболов.
Рибата произведена во рибници на пазарот се продава свежа и непреработена. Свежа риба се продава типично на локалните пазари преку продавници или директно до рестораните.
Според официјалната статистика, просечно домаќинство конзумира околу 22,3 кг риба и рибни производи (што резултира во околу 6-8 кг годишна потрошувачка по глава жител), што е ниско во споредба со земјите на ЕУ (околу 20 кг годишно по глава жител). Македонија е нето увозник на риба и рибни производи. Вкупниот увоз на риба и рибни производи во периодот од 2000 - 2018година бележи постојан пораст. Поголемиот дел од увозна риба и рибни производи во 2018 беа замрзната морска риба со околу 50% од вкупната вредност на увозот; потоа конзервирана риба (цела или во делови) со околу 38%; и свежа риба со околу 6%. Останатите 6% ги сочинуваат рибно филе, школки, мекотели, чадена риба и кавијар. Најголем дел од вредноста на увозните рибни производи се увезени од Аргентина (23,2%), Хрватска и Шпанија (секоја со по 10%), Грција (5,5%), потоа Бугарија, Србија и Црна Гора.

Со оглед на тоа дека природни ресурси за одгледување на риба има во изобилство, еве неколку совети за подготовка на рибник за одгледување на крап, - риба која е една од најбараните во земјава.
„Внимателната подготовка на сите сегменти од рибникот за крап е од голема важност од производен и здравствен аспект. Подготовката почнува со одмор на рибникот во текот на зимата, а продолжува со дезинфекција и мелиорациски мерки: употреба на вар, ѓубрење со органско и минерално ѓубрива, косење, орање и чистење на милта од изловната јама и другите делови од рибникот. Целта на овие мерки е да се создадат што подобри услови за одгледување на крапот -развој на природна храна и спречување на болести. Подготовката на рибникот почнува со пресушување, по што рибникот се остава да се “одмори“ неколку месеци. На тој начин земјата се обновува, а патогените бактерии и паразити се уништуваат“, советува Ѓоко Данаилов, советник во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.
Трската и другата вегетација која расте на рибникот се коси, а онаа долж насипот се спалува. По одреден период на мирување, рибниците се третираат со вар во функција на дезинфекција, подобрување на квалитетот на земјиштето и стабилна хемиска реакција на водата. Како што објаснува Данаилов, со третирање на вар во рибникот се постигнуваат повеќекратни мелиорациски ефекти: - се регулира pH на земјиштето - се обезбедува калциум во земјата и водата - се забрзува разградувањето и минерализацијата на органските материи, посебно целулозата - се потпомага трансформацијата на органските состојки во раствор - се постигнува дезифекција на рибникот - варта ја користат и полжавите, школките и раковите Негасената вар е најреактивниот облик во контакт со водата и станува агресивна база Ca(OH)2, при што се ослoбодува топлина. Потребите за вар се одредуваат врз основа на pH вредностите на земјиштето. Во рибници со длабок слој на мил се користи во количини од 500-750 кг/ха, а во рибници со мал слој на мил во количини од 200-300 кг/ха. Гасената вар има слично дејство како и негасената, само што се додава во количини за 1,5 пати поголеми во однос на негасената.

„По додавањето на варта се врши ѓубрење на рибникот, кое се врши со органски или минерални ѓубрива. Најмногу се користи ѓубре од кокошки, свињи и говеда. Се спроведува основно и дополнително ѓубрење. Целта на ѓубрење на рибникот е иста како и при прихрана на земјата, да се вратат хранливите состојки кои се потрошени од растенијата. Крајниот ефект од прихрана на растенијата се одвива постепено. Микроорганизмите ги разградуваат органските супстанци во биогени елементи. Новонастанатите биогени супстанци во процесот на асимилација ги користат едноклеточните алги за изградба на нивните тела. Едноклеточните алги се храна за зооланктонски организми, а овие пак служат како храна за рибите. Потребните количини на шталско ѓубре се движат околу 1000 кг/ха. Истовремено со органското (шталско) ѓубре се додава и минерално ѓубриво. Азотот се додава во облик на уреа, амониум сулфат или амониум нитрат во количини од 100-150 кг/ха, а фосфорот во облик на суперфосфат во количини од 100 кг/ха. Дополнителните ѓубрења се вршат секои 15 дена во текот на одгледувачката сезона и овде може да се користат “суви“ ѓубрива и “течни“ ѓубрива кои се лесно растворливи и чиј ефект е побрз и подобар. За дополнително ѓубрење се користат органски ѓубриња во количини од 100-200 кг/ха и минерални ѓубриња 20-30 кг/ха. Ако во рибникот се додадат преголеми количини на органско ѓубре, процесите на разградување може да тргнат во анаеробен правец. Со анаеробно разградување се добива метан, етан, амоњак и сулфурни соединенија кои како негативен резултат може да предизвикаат угинување на рибите“, потенцира Ѓоко Данаилов, кој советува пред секоја постапка добро да се испланира секој чекор, за да не дојде до несакани последици.

Б.Абрашева Ноциќ

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë