VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Како побрзо до светските пазари

Македонија како земја со изобилство на сонце има врвен квалитет на земјоделските производи, сепак мал дел од нив се обработува во насока на добивање поголема трајност и поголема додадена вредност. Дали оваа криза ќе биде показател дека регионот има потенцијал за вложување во прехранбената индустрија и од свежо овошје и зеленчук ќе произведуваме повеќе трајни продукти што ќе се пласираат на домашниот и странскиот пазар?

Корона-кризата наметна потреба од дистанцирање и излегување од домовите само во неопходни ситуации. Поради ваквите препораки, во насока на сузбивање на ширењето на вирусот, голем број граѓани ги сведоа своите активности исклучиво на набавка на основни продукти, како што се прехранбените и други домаќински продукти. Поради тоа, потрошувачката на прехранбени производи и во најголемиот рестриктивен период се одржа и се покажа како една од најсигурните дејности во периодов. Македонија како земја со изобилство на сонце има врвен квалитет на земјоделските производи, сепак мал дел од нив се обработува во насока на добивање поголема трајност и поголема додадена вредност. Дали оваа криза ќе биде показател дека овој регион има голем потенцијал за вложување во прехранбената индустрија и од свежо овошје и зеленчук ќе произведуваме повеќе трајни продукти што ќе се пласираат на домашниот и странскиот пазар?
– Со појавата на епидемијата се појави и еден локалпатриотизам, враќање во рамките на своите економии. Многу држави најавија купување сопствени продукти, производи произведени во земјата, нешто што беше забрането од Светската трговска организација. Сега имаме протекционизам, и тоа го практикуваат пред сѐ големите држави, бидејќи се соочуваме со недостиг од производи, почнувајќи од земјоделските производи, но и други продукти…

Поради таа состојба се преземаат чекори за заштита на домашното производство, сите се вртат кон својата економија, но ние како држава не преземавме исти мерки како развиените земји за заштита и за промоција на домашните продукти. Треба да се вратиме кон домашното производство, да го трошиме домашното и со тоа да си ги зголемуваме потрошувачката и приливите – вели Љупче Станковски, претседател на здружението на земјоделци „Агрофаланга“.
Тој додава дека предноста на странските инвеститори се големата софистицираност на производството, подобрата технологија што ја поседуваат, како и големите количества продукти, кои им овозможуваат многу пониска цена, со што ги рушат домашните производители.
– Сметам дека државата може да интервенира со подобрување на условите за откуп на продуктите. Сега откупувачите се во монополска позиција и честопати ги уценуваат производителите за пониски цени, да им ги дадат продуктите по пониски цени и го рушат производството. Потребни се поконкретни мерки за поддршка на земјоделците – заклучува Станковски.

Промени за да се надмине кризата

Претставниците на бизнис-заедницата посочуваат дека оваа криза е голем шок за сите, а особено за меѓународната трговија, но истакнуваат дека за да се опстане, неопходни се промени.
– Неоспорно е дека глобалната пандемија предизвика голем шок во меѓународната трговија, но во сценарио кога економијата низ светот е на работ од долготрајна криза, за да се опстане мора што поскоро да се прифатат неминовните промени и новата реалност. Соочени со специфичните и отежнати околности за работа што со себе ги донесе пандемијата на ковид-19, „Виталиа“ покажа дека може да се потпре на својот тим и да докаже дека вистинската сила е во посветеноста, флексибилноста и приспособливоста соодветна на вонредната ситуација. Уште од самиот почеток на здравствената криза, „Виталиа“ ги имплементира најстрогите мерки и препораки на СЗО во насока на максимална заштита на вработените во производствениот и логистичко-дистрибутивниот процес, но и за заштита на самите потрошувачи – вели Искра Ветаџакоска – Муцунска, генерален менаџер и косопственик на „Виталиа“ и додава дека сепак успеваат успешно да ги надминат сите предизвици.

Според нив, неопходно ќе биде сите да се научиме да живееме во една нова реалност, а истакнуваат и дека потрошувачите се потпираат на брендови во кои имаат доверба.
– Нашиот однос со клиентите, од 60 интернационални локации, е доволна инспирација и во отежнати услови активно да креираме иновативни производи со функционални карактеристики насочени кон зајакнување на имунитетот, особено потребни во времето на пандемијата. И во оваа кризна година продолжуваме да освојуваме нови пазари и да создаваме нова мрежа на купувачи, а почнувајќи од овој месец и жителите од егзотичниот Барбадос ќе можат да уживаат во бенефициите на нашите здрави продукти – истакнува Ветаџакоска – Муцунска.

Локални доставувачи со врвен квалитет

Тие истакнуваат дека од исклучителна важност за конкурентноста на нивните производи е цената на суровините и затоа нагласуваат дека е најдобро доколку имаат локални доставувачи што можат да испорачаат врвен квалитет.
– Ова се потврди особено сега, за време на пандемијата, кога се случија тешкотии во синџирот на снабдување од увоз. Затоа, како дел од македонскиот прехранбен сектор, го поддржуваме развојот на домашната земјоделска индустрија. Земјоделските продукти што се локално достапни на нашиот пазар се присутни во голем дел од нашата палета. Посебно ги издвојуваме џемовите „Виталиа диет“, кои носат 25 години македонска традиција, со локално одгледувано овошје, оригинална рецептура и врвен квалитет – истакнува Ветаџакоска – Муцунска.
Упатените во проблематиката посочуваат дека е неопходна промена во законската регулатива, а со поголема промоција на малите домашни преработувачи на земјоделски продукти, Македонија има можности да ги поттикне производството и преработката на земјоделските продукти, што ќе резултира со поголема заработка кај земјоделците и домашните преработувачи.

– Повеќе од половина земјоделски стопанства во Северна Македонија се од мал обем. Најголем дел се семејни стопанства, кои првенствено произведуваат за сопствени потреби и се потпираат на домашна работна сила. Голем дел одгледува и/или преработува производи од растително потекло, свежо овошје и зеленчук, џемови и мармалад, домашни тестенини, па дури и пиво. Притоа, многу често применуваат традиционални рецепти. Тие се оневозможени да ги пласираат своите производи директно на локален пазар и да остварат дополнителен приход бидејќи не постои регулатива со која ќе се дефинира работата на малите стопанства.

Со овие ограничувања се загрозени и опстанокот на локалната автентична храна и традиционални рецепти – велат претставниците на ИМЕ, програмата за зголемување на пазарната вработливост, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, која работи на поддршка на агробизнисите.
Додаваат дека флексибилната законска рамка ќе им овозможи на семејните стопанства да вршат директна продажба на локални потрошувачи и на туристи. На овој начин малите производители ќе можат да го искористат својот целосен (економски) потенцијал, да ја зголемат продажбата, да отворат повеќе работни места и да придонесат за одржливост на малите и семејните агробизниси.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë