
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Како да направите квасец од ѓумбир за домашен леб? (ВИДЕО)
Ѓумбировиот квасец е диво-ферментирана култура која се прави со шеќер или мед, ѓумбир и вода. Се прави за помалку од една недела и можете да го користите како пробиотик, природно да газирате сокови, да правите хербални пива и најдобро да направите домашен леб

Кога ќе ги измешате ѓумбирот и шеќерот заедно со водата, по некое време бактериите и природниот квасец од ѓумбир ќе почне да реагира и да расте. Овие диви микроорганизми го јадат шеќерот во вашиот квасец и со тоа произведуваат јаглерод диоксид. Бидејќи ѓумбировиот квасец е ферментирана култура, тој е богат со природен пробиотик, како на пример lactobacillus и див квасец. Овие организми му помагаат на метаболизмот и на органите за варење како и на имунолошкиот систем.
Како да направите ѓумбиров квасец?
Правењето на ѓумбиров квасец е многу лесно. Ви треба нелупен ѓумбир, шеќер или друг вид на калоричен засладувач, на пример медот, како поздрава варијанта и вода. Потребни се 5 до 7 дена за да се направи квасецот.
Првиот ден, измештајте ја водата со шеќерот и ѓумбирот и оставете ја културата во затворена тегла и на сончева светлина 24 часа. Потоа, 4 до 6 дена секој ден додавајте по малку шеќер и ѓумбир во теглата.
Ако ѓумбирот почне да прави пена или ако почне да мириса на квасец или на пиво, тогаш е спремен за употреба. Можете веднаш да го употребите или да го префрлите во фрижидер и да го чувате најмногу една недела.

Рецепт за ѓумбиров квасец
Ѓумбировиот квасец, култура од ферментиран ѓумбир и шеќери е основата за домашни традиционално правење на леб.
Состојки
За да ја започнете културата:
• 2 чаши вода
• 2 лажички шеќер
• Околу 30 грама рендан ѓумбир
За хранење на културата:
• 5 лажички шеќер
• Околу 70 грама рендан ѓумбир
Подготовка на квасецот:
1. Стоплете вода во тенџере и измештајте го шеќерот додека се стопи целосно. Оладете ја водата на собна температура.
2. Ставете го ѓумбирот во тегла и налејте ја водата за целосно да го покрие ѓумбирот. Затворете ја теглата и оставете ја да седи на собна температура.
Хранење на квасецот:
1. Следниот ден и наредните 5 дена, измешајте 1 лажичка шеќер и 15 грама ѓумбир во теглата и потоа затворете ја теглата. Во наредните 3 до 5 дена, треба да почнете да забележувате балончиња и да почне да мириса квасец, така ќе знаете дека квасецот е спремен за употреба.
А.Г.
