
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Казни за потпалувачите на стрништа
Во последните десетина дена засилени се контролите на терен од страна на инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство

Изминатиот викенд Државниот инспекторат за земјоделство ги засилил своите теренски контроли, по апелите за спречување на палењето на стрништата, низ целата земја. Оттаму информираат дека се спроведени над 200 контроли и изречени 34 казни по член 61 став 3 од законот за земјоделско земјиште.

Барања за прекршочна постапка им е изречена и на 5 лица, според членот 46 став 2, од истиот закон. Инспекторите процениле дека е опожарена површина од околу 20 хектари.
Од Државниот инспекторат информираат дека постојано комуницираат со општинските власти и полицијата, а преземените активности се меѓусебно координирани.
ДИЗ ќе продолжат со интензивините контроли на терен, со цел континуирана и посветена борба против аеро-загадувањето предизвикано со палење на стрништа и земјоделски површини, кое исто така преставува реална опасност за материјалните добра и здравјето на луѓето.
Б.А.Н.
