
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Исплатени субвенциите за обележани грла кози
Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло, односно 1.100 денари за земјоделските стопанства кои имаат пријавен број грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 кози од сите категории.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 1.972 одгледувачи на кози им исплати 61 милион денари. Станува збор за мерката „Директни плаќања за обележани грла кози“ чии корисници се земјоделски стопанства со најмалку 10 грла кози од сите категори.

Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло, односно 1.100 денари за земјоделските стопанства кои имаат пријавен број грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 кози од сите категории.
-Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат пред почеток на новата реколта, во период кога на земјоделците им се најпотребни. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати 383,3 милиони евра за развој на агро секторот, наведува Агенцијата.
А.Г.
