VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Илија Цветковски:Со еколошки безбедна храна ни се отвораат вратите за извоз!

„Oргански Живот“ - Organic Life е компанија основана во 2015-та во Неготино, а се занимава со производство и продажба на биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата. Но, на нејзиното основање и работа му предходат три децении научни и практични испитувања во Казан и во Москва, Русија. Таа технологија и суровините и условите на овие простори, биле идеални за производство на течни биостимулатори. Уште четири години потоа производите се тестирани на домашните почви во Македонија, за конечно од оваа година компанијата „Органски живот“да се појави целосно на пазарот. Илија Цветковски (29), кој е ко-основач на фирмата и маркетинг менаџер, иако филмски режисер по образование, за ezp.mk вели дека ним не им е важна само продажбата на производите, туку позитивните ефекти и високо рентабилните и еколошки безбедните производи, кои се иднината на нашето земјоделско производство

Зошто се одлучивте да инвестирате во производство на органски ѓубрива, од која идеја се водевте?
-Најпрво од општествено одговорна причина. Освен што потекнувам од винарски, лозарски регион, земјоделието за мене беше неистражено поле. Меѓутоа решението кое го нудат органските стимулатори, не само за земјоделците, туку и за здравјето на луѓето воопшто, беше доволна мотивација.
Второ, искуството на татко ми и проблемите со кои се соочувал во извозот на храна од Македонија во изминатите години, не натера да размислуваме за ова како решение за многу проблеми, и нормално таа промена да ја започнеме и понудиме прво дома.

Како се одвива производството на био- ѓубрива и колку време е потребно за еден циклус?
-Најдоброто органско ѓубриво дефинитивно е арското ѓубриво или таканаречениот тврд хумус. Меѓутоа, тоа е долг процес на преработка и е непрактичен за испорака и задоволување на потребите на секој земјоделец. Препорачаната доза на арско ѓубриво е 20-40 кг на хектар, а не постои толку големо производство на арско ѓубриво за да се задоволат тие потреби. Често пати непреработеното арско ѓубриво е контаминирано со плевелни семиња, а тоа значи ширење на неповолни плевели во почвата. Од таму и потребата од течни концентрирани биостимулатори.

Колку производи имате во вашата палета и за кого се наменети?
Два производи се во продажба, а се работи уште на три. „Органика Био“ и „Хумистар“ се биостимулатори за раст и развој на растенијата, и се базираат на вермикомпост, односно биохумус, добиен од преработка на арско ѓубриво од калифорниски црви. Меѓутоа, биохумусот е само основа за технолошките процеси кои следуваа подоцна. „Хумистар“ е веќе познат во повеќе земји во светот како основна органска прихрана, меѓутоа „Органика Био“ е наш оригинален производ, создаден овде во Македонија.

Во кои сектори од земјоделството може да се користи?
-Се што има зелена маса е поволно за фолијарна примена со биостимулатори.

На кој начин ги пласирате вашите производи до купувачите? Како и каде може да се најдат?
-Facebook е единстеното место каде што можеме директно да комуницираме со секој земјоделец и јавно да споделуваме мислење, и ние и земјоделците. Нам ни е важна информацијата од секој еден што досега третирал, но и крајниот резултат што го добиле. Не сме среќни само кога продадеме, туку и кога ќе видиме позитивни ефекти и високи рентабилни и еколошки безбедни производи.
Ако има проблем, сакаме да знаеме што е. Кај нас земјоделците се оставени сами на себе да се спасуваат од болести, па оттаму и скептицизмот кон се што е ново. Меѓутоа се сметаме за одговорни да ги насочиме произведувачите на храна кон органските практики.
Инаку земјоделските аптеки се место каде што луѓето можат да купат „Органика Био“ и „Хумистар“, каде што исто така е потребна препорака за комбинирање со други препарати. Значи се работи за еден цел ланец на соработка.

Која е разликата меѓу биохумусот и течните препарати добиени од него и обичните минерални ѓубрива и агрохемикалии?Какви се ефектите од користењето на еколошките препарати кај овошјето и зеленчукот?
-Биостимулаторите се совршена мешавина на хранливи материи и микрооранизми кои се лесно достапни, но и присутни за долгорочни потреби за прихрана. Тоа им овозможува на растенијата да се хранат по потреба или со недели и месеци во исто време, во зависност од растението. Од друга страна, ефектот на минералните ѓубрива е инстантен и краткотраен, со долгорочни последици кон почвата.
Во градинарството видовме дека барем за помали површини апсолутно е можно да се произведува квалитетна и чисто органска храна. Во овоштарството и лозарството на пример одлично се надополнуваат на заштитата, зголемувајќи го приносот и шеќерот на самите плодови.

Дали постојат странски или домашни искуства кои покажуваат која е разликата од добиениот принос кај културите третирани со био-ѓубриво и оние третирани со агрохемиски препарати?
-Познато е во светот, не е тајна дека исклучиво органското производство на храна дава помали приноси, отколку со хемиски препарати. А побарувачката на храна допрва ќе се зголемува, што значи на никој економски не му одговара да третира исклучиво органско производство. Биостимулаторите во овој момент на веќе загадени почви се повеќе од потребни, со тоа што ја балансираат достапноста на хранливите материи во почвата, го зголемуваат усвојувањето од другите минерални препарати, а во исто време ги намалуваат нивните негативни влијанија. Со текот на годините потребата од минерални препарати би се намалила. Значи важна е транзицијата, бидејќи не можеме преку една сезона да преминеме на органско производство.

Дали има интерес кај земјоделците за користење на вашите производи?
- Да, пред се поради самите резултати во квалитетот и приносот. Од друга страна чистиот органски состав допрва ќе наоѓа пласман и побарување, а со еколошки безбедна храна, нас како земја ни се отвараат многу врати за извоз. Земјоделието треба да биде водечки и најсилен адут на Македонија, имајќи ги во предност сите услови за одгледување на органска храна, како веќе големите површини земјоделие, искуството на самите земјоделци, и сонцето во текот на целата година.

Кои се Вашите идни планови и цели кои сакате да ги постигнете?
-Најпрво да го задржиме квалитетот на препаратите што ги имаме. Секој ден откриваме се повеќе проблеми во земјоделието, првенствено поради слабиот квалитет на почвите, па оттаму се јавува и нова одговорност, за органски решенија на проблематики кои со децении се решавале само со хемиски препарати, при што дефинитивно ќе се намалат потребите од пестициди.
Меѓутоа, во светот сеуште ретко може да се најде органски пестицид. Луѓето кои одгледуваат за свои потреби се снаоѓаат со алтернативни начини на заштита, но за интензивно производство тоа е сеуште неизводливо. Изнаоѓање на такво решение е дефинитивно предизвик.

Од Вашето лично искуство, сметате ли дека е зголемена еколошката свест и се што значи зачувување на животната средина во нашата земја? Каде треба да се насочи влијанието за резултатите да бидат што повидливи?
-Вниманието дефинитивно треба да е насочено кон квалитет, почнувајќи од задолжително правење анализа на почвите, до стручна помош за земјоделците, за на крај да дојдеме до ревизија на храната која се произведува. Зборувам за Македонија. Земјоделието и производството на храна во светот, исто така, не се помрднало многу кон органско производство цели 2 децении. Значи не сме само ние како држава што досега не сме користеле органска прихрана. Целокупната органски одгледувана површина во светот до 2017та била само 1.4%. Што значи, ако не сакаме да размислуваме за нарушениот биодиверзитетен баланс, загадените води, нечистиот воздух (еколошки чистата почва складира до 5 пати повеќе CO2 од шумите), тогаш да размислуваме за производство на еколошки почиста храна, која многу полесно ќе најде пласман надвор од Македонија и ќе биде симбол за квалитет. Ако успееме таму да го насочиме вниманието, на горенаведените проблематики, значително ќе им се намали влијанието.


Благородна Абрашева Ноциќ

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!