VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Зошто се дрвјата корисни на земјоделските површини?

Садењето на дрвја во близина на земјоделското земјиште нуди низа бенефити, како краткорочни, така и дилгорочни. Високите дрвја бесплатно ја завршуваат работата на земјоделците

Дрвјата засадени во близина на земјоделското земјиште ја намалуваат ерозијата и подземните води, ја зголемуваат плодноста на почвата, го смалуваат ризикот од соланизација на тлото и помагаат во стабилизација и резервите од вода.Покрај ова дрвјата даваат значаен придонес во задржувањето на хранливите материи и овозможуваат одржување на екосистемот - неопходен за земјоделското производство.
Подобрување на квалитетот на земјиштето
Садењето на џбунести растенија и дрвја кои го впиваат азотот во близина на земјоделските култури ја одржува и подобрува плодноста на земјата и полјоделските култури. Дрвјата ја зголемуваат способноста на земјата да ја апсорбира и задржува водата, произведува хранливи материи за растенијата, го одржува високото ниво на хранливи органски материи во тлото и умерената температура на површината на земјата.
Агро-шумарството помага во намалувањето на соланизацијата на почвата, особено во сушни периоди и на сушни подрачја.Оголеното тло станува солено, затоа што водата испарува, оставајќи ја солтта на површината. Од друга страна дрвјата ја зголемуваат способноста на земјата да ја апсорбира водата и го намалува ризикот од исушување и соланизација.

Засадувањето на џбунести растенија и дрвја исто така може да помогне во разбивањето на структурата на земјиштето кое е со текот на времето збиено и скаменето. Со тоа ќе се зголеми пропустливоста на почвата, а со самото тоа водата ќе може да продре и во подлабоките слоеви. Во развиените земји дрвјата се користат и како ветробран за посевите, затоа што крошните ја намалуваат брзината на ветерот и ги штитат посевите. Појас од дрворед околу полјоделското земјиште исто така ја спречува загубата на вода и нејзиното испарување.
Дрвјата против ерозијата на тлото
Ерозијата на земјиштето се случува на гола земја, бидејќи влагата, мразот и топлината постепено ја дробат земјата и ја подготвуваат за дождот и ветровите кои ја придвижуваат. Оголените делови потоа се идеални места за непречено слевање на водата, по обилните дождови. Така настануваат пустини.
Дрвјата и микроклимата

Дрвјата имаат значајно влијание на локалната микроклима, затоа што влијаат на температурата, влажноста, светлоста и условите во својата неосредна близина. Успехот на многу земјоделско-шумарски системи, зависат од способноста на дрвјата да ја избалансираат температурата на земјата и воздуот и зголемат релативната влажност. Најновите истражувања сугерираат дека шумите може да имаат значајно влијание на микроклимата. Едена од причините е промената на начинот на кој сончевата светлина се одбива од површината на земјата.

Во шумите сончевата светлина ја апсорбираат листовите, гранките, и стеблата на дрвјата. Кога шумата ќе почне да се уништува и девастира, рефлексијата се зголемува, а земјата апсорбира помалку топлина. Реултатот е промена на образецот на циркулацијата на дождовите, со што се зголемуваат температурите во текот на денот, а се намалуваат во текот на ноќта.
За да се изврши позитивно влијание на микроклимата, но и на приносот и на квалитетот на полјоделските површини потребно е да се садат што повеќе дрвја!

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë