VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Organic

Зошто органското производство е интересен бизнис?

Доколку производителите постигнат успех и можат да се справат со предизвиците на органското земјоделие, органскиот бизнис може да понуди повеќе можности за заработка на профит од конвенционалниот бизнис

Кога практикуваме органско производство постојат некои дополнителни економски и неекономски придобивки во споредба со конвенционалното производство. Пазарот за органски производи се зголемува и постојат низа пазарни можности кои се отвораат за производителите коишто сакаат да произведуваат сертифициани производи. Потрошувачите покажуваат зголемен интерес за органските производи, главно, од здравствени причини и грижа за заштита на животната средина. Тие стануваат сè позагрижени и за социјалните и еколошките услови во кои се произведуваат производите коишто ги купуваат. Други пак потрошувачи се вклучени со органското движење, бидејќи тие сочувствуваат со целите на органското земјоделство и сакаат да го поддржат локалниот и руралниот развој како и да им помогнат на земјоделските производители притоа правејќи нешто добро за животната средина. Развојните организации го поддржуваат органското производство, бидејќи тие тоа го гледаат како начин за намалување на сиромаштијата, заштита на животната средина и подобрување на здравјето на луѓето.
Органското производство, истотака, може да биде интересна можност за бизнис, како за земјоделците така и за претприемачите. Луѓето може да бидат привлечени кон органскиот сектор, бидејќи дознале дека постои растечки пазар, кој нуди повисоки цени и само треба да бидат сертифицирани, па тоа би можело да биде лесен начин да се даде вредност на производите и да се заработи повеќе. Некои производители ги привлекува „ексклузивноста“ на органските производи и уживаат во таков имиџ, како можноста да се издвојат од масата на производители. При пласманот на органските производи на пазарот има помалку конкуренти, помалку посредници и постои поголем директен контакт со купувачите и потрошувачите. Обично потрошувачите на органски призводи сакаат да ги запознаат производителите, сакаат да ги видат производните активности, не само за да го проверат интегритетот, но и за да договорат долгорочно снабдувањето со производи.

Некои купувачи се заинтересирани за развојот на своите добавувачи, затоа се заинтересирани да дадат поддршка на органските производители, за да ги подобрат и да ги прошират производните активности. Доколку производителите постигнат успех и можат да се справат со предизвиците на органското земјоделие, органскиот бизнис може да понуди повеќе можности за заработка на профит од конвенционалниот бизнис. Со текот на времето производителите можат да станат преферирани снабдувачи, што даваат шанса за развој на долгорочни деловни односи кои даваар одредена сигурност на производителите.
Но на почетокот малку земјоделци веруваат дека преку органско производство можат да постигнат добри приноси. Повеќето земјоделци стравуваат дека без примена на хемикалии ќе им се намалат приносите, или пак штетници ќе им ги уништат насадите – што во многу случаеви е ризик. Сепак производителите треба да сфатат дека органското производство нуди важни потенцијални предности. Преку сертификацијата производителите можат да заработат повеќе. Повисоките маржи ќе обезбедат компензација за поголемиот вложен труд и неизвесноста во првите години. Со сертификацијата производителите можат да заработат повеќе од истата производна површина, притоа добивајќи подобри цени и можност за подобрување на нивниот живот.
Приносите кај конвенционалните мали производители честопати се прилично ниски и плодноста на нивната почва постојано опаѓа. При преодот на поинтензивен и подобар управуван органски начин на производство, земјоделците обично успеват да ги стабилизираат, па дури и да ги зголемат приносите. Бидејќи цените за синтетички ѓубрива се врзани со цената на суровата нафта, голема е веројатноста дека трошоците за производство во конвенционалното земјоделство ќе продолжат да се зголемуваат. Она што е привлечно за многу производители е фактот дека нема да имаат потреба од скапи синтетички импути. Во органското производство обично се потребни помалку пари за да се купат потребните импути – под услов да постои пристап до соодветна обука и технички совети за органскиот начин на производство. Пониските трошоци за импути итотака го намалуваат финснсискиот ризик, особено во ситуации каде климатските услови често предизвикуваат штета и загуби на производителите.

Повеќето производители го ценат фактот дека органското производство е подобро за нивнате почви, но придобивките од зачувувањето на водите, животната средина и биодиверзитетот се од помаала важност за нив. Во многу случаи загриженоста за сопственото здравје е важен фактор за одлуката за преод. Постојат многу производители кои имаат искусено негативни здравствени ефекти од работата со пестицидите. Тие се свесни дека пестицидите се хемиски отрови и кога би имале алтернатива да не ги употребуваат, тогаш изборот не е тежок.
Покрај тоа, системнот на органско производство има тенденција да биде подиверзифициран од конвенционалниот, што резултира во поголема агроеколошка и економска стабилност.
Некои производители гледаат корист од некористењето на пестициди во можноста да одгледуваат додатни култури помеѓу главните култури, со што ја подобруваат својата финансиска сигурност.
Истотака, точно е дека многу од производителите го сакаат органското производство поради достапната поддршка. Органските производители обично добиваат повисоки субвенции за поддршка отколку оние во конвенционалното производство. Иницијативите за поддршка во различни развојни програми истотака им помагаат на производителите во пронаоѓање пазар за нивните производи. Освен цената, ова е уште еден голем мотивирачки фактор. Сепак дополнителниот труд што е потребен за да се стане добар органски производител не смее да се потцени.
Вклученоата во органското производство им дава на производителите одредена експонираност, многу луѓе ќе сакаат да ја посетуваат фармата бидејќи е органска: учесници во науката кои сакаат да ги проучуваат активностите, голем број на потенцијални купувачи, производители кои сакаат да се приклучат во органското движење, претставници на власта кои сакаат удел во експонираноста, студенти кои сакаат да стажираат и сл. Инспекторите од државните органи и сертификацискте тела истотака можат да се појават во секое време од годината, најавени или ненајавени.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë