VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Зоран Атанасов:Вонредните инспекциски контроли утврдија мали отстапки

Операторите со храна ги почитуваат општите хигиенски барања при манипулацијата со храна, а нема отстапки ниту во поглед на спроведувањето на пропишаните превентивни и мерки за заштита од страна на Владата

Констатирани се само мали отстапки во однос на пропишаните мерки од властите. Ова го констатираа инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кои од 16-ти овој месец спроведуваат засилени контроли како дел од мерките за справување со корона вирусот во земјава.
Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, за пет дена се извршени 174 вонредни инспекциски контроли во продавници, маркети, хипер маркети каде се врши продажба на храна, месарници, угостителски објекти и ресторани кои вршат подготовка на храна и продажба на алтернативен начин – со достава на храна до дома или со подигнување нарачка надвор од угостителските објекти преку штанд или пулт, согласно препораките на Владата.

Со спроведените 22 контроли во производството, 56 во прометот, 121 контрола во угостителски и пет во водоснабдителни објекти, евидентирани се мали отстапки кои се однесуваат на незаверени санитарни книшки, несоодветно водење записи и неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. За констатираните недоследности се изречени четири мерки едукација и се издадени три решенија за отстранување на недоследностите, истакнува Атанасов.
Според него, засилените контроли продолжуваат и во наредните денови, а се насочени кон спроведување на правилата за Добра производствена и хигиенска пракса во објектите, кон личната хигиена на вработените, кон тоа дали се вршат редовни санитарни прегледи согласно Законот за безбедност на храна, каква е хигиената при манипулација и подготовка на храната, при транспорт и дистрибуција, дали се запазува температурниот режим при чување и транспорт/дистрибуција.

Контроли се вршат и на хигиената на транспортните средства, материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, означувањето на производите, рокот на употреба, чувањето, како и тоа дали се врши редовно чистење и дали се спроведуваат засилени и чести дезинфекции на работните простории, превозните средства и опремата за транспорт на храна за повеќекратна употреба, согласно препораките на Владата, нагласува директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

МИА

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë