VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Земјоделците од Егри со план за консолидација на 336 хектари

На Собранието на учесници во консолидација на земјоделско земјиште од село Егри одржано во Битола, со мнозинство гласови е усвоен е предлог планот за распределба и окрупнување на земјишните парцели

На Собрание на учесници во консолидација на земјоделско земјиште од село Егри, одржано во Битола, со мнозинство гласови е усвоен предлог планот за распределба на земјоделското земјиште, како завршна фаза во постапката за консолидација во катастарската општина Егри. Собранието го организираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, надлежно за спроведување на националната политика за консолидација за земјоделско земјиште.
Проектот за консолидација во битолското село Егри, во кој учествуваат 214 сопственици на земјиште, е првиот комплексен консолидационен проект во државата, но и во поширокиот регион. Со помош на овој план за прв пат 336 хектари земјоделско земјиште се окрупнија, по принципот на распределба на земјишните парцели со промена на границите, кој вклучува и интервенции во инфраструктурно подобрување.

Конкретно, во Егри, со консолидацијата, бројот на уситнети парцели се намали за околу три и половина пати. Поточно, почетните 874 парцели се намалува на 260 окрупнети парцели, а просечната големина на парцелите од 0,38 ха пред консолидацијата, се зголеми на околу 1,3 ха по консолидацијата. Или претходно просечниот број на парцели по сопственик бил повеќе од четири парцели. Сега со консолидацијата просекот е околу една до две парцели на сопственик.
Со овој процес на окрупнување на земјиштето сите новоформирани парцели добиваат правилна форма и поголема површина погодна за земјоделско производство, со обезбеден пристап до патната инфраструктура и системите за наводнување и одводнување. Сите овие придобивки за земјоделците значат помали производствени трошоци, намалување на времето за обработка, можност за примена на современа технологија, што крајно ќе резултира со модерно и конкурентно земјоделско производство.
Дополнително, со проектот за консолидација на земјоделско земјиште во с. Егри, покрај значителното подобрување на земјишната структура, се очекува да се намали ризикот од поплавување на земјоделските површини и штетите кои, поради непостоењето на систем за одводнување, беа редовна појава во изминатите години.

По вчерашното усвојување на планот за распределба на парцелите во Егри, ќе започне процес за регистрација на новоформираните парцели во Катастарот за недвижности и подготовки за инвестиции во подобрување на земјоделската инфраструктура во консолидационото подрачје. Предвидена е изградба на околу 10 километри нови пристапни патишта и над 9 километри нова мрежа на канали за одводнување и надоградување на системот за наводнување, со средства обедбедени од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија.
Постапката за консолидација во Егри започна во рамки на Програмата за техничка поддршка на ФАО, а продолжи со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамки на тековниот проект МАИНЛАНД спроведуван од ФАО и МЗШВ.
Окрупнувањето на земјоделското земјиште е неопходен процес во насока на подобрување на перформансите и конкурентноста на земјоделскиот сектор и доближување до европските стандарди. Успехот постигнат во Егри и придобивките од окрупнувањето на земјоделското земјиште кои допрва ќе станат реалност за земјоделците од Егри се очекува да го поттикне интересот за вклучување во процесот и на останатите сопственици на земјиште во другите делови од државата.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë