VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Земјоделците да бидат опфатени во владиниот пакет на економски мерки

Националната федерација на фармери бара во пакетот на економски мерки подеднакво да бидат опфатени земјоделците бидејќи овој сектор е исклучително значаен за обезбедување на стабилна економија

Националната федерација на фармери бара во пакетот на економски мерки подеднакво да бидат опфатени земјоделците и земјоделството бидејќи овој сектор е исклучително значаен сектор за обезбедување на стабилна економија, посебно во делот на обезбедување на храната во оваа тешка ситуација во нашата држава предизвикана од Корона Вирусот. Економските мерки да опфатат поддршки за земјоделството и земјоделците во насока на решавање на проблемите со откупот и пласманот, бидејќи основен проблем во земјоделството предизвикан од Корона пандемијата се нарушените синџири на продажба. Тоа беше забележително на самиот почеток на пандемијата каде што настанаа проблеми при откупот на јагнето и пролетната зелка. Со вториот пакет на економски мерки на Владата се изоставени регистрираните индивидуални земјоделци кои исто така остваруваат доход преку земјоделската работа и плаќаат придонеси кон државата. Со дополнителна Уредба на Владата се опфатени трговците-поединци, занаетчиите и регистрираните земјоделци и други лица кои се третираат како вработени за сопствена сметка односно даваат услуги од кои обезбедуваат доход и имаат право на финансиска поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај. Со оваа економска мерка се опфатени само регистрираните земјоделци согласно Законот за трговски друштва и Законот за вршење на земјоделска дејност, а не и регистрираните индивидуални земјоделци според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои исто така даваат услуги, од кои обезбедуваат доход. Истиот проблем се појавува и кај Јавниот повик бр.1 COVID на Развојната Банка на РСМ каде што се овозможува директно кредитирање без камати и хипотеки на микро, мали и средни претпријатија од компензациони фондови од странска помош, каде што се опфатени само регистрираните земјоделци регистрирани според Законот за вршење на земјоделска дејснот и Законот за трговски друштва, а не и регистрираните земјоделци регистрирани според Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Националната федерација на фармери бара измена на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, погодени од здравствена економска криза предизвикана од Корона Вирусот за време на вонредната состојба, со тоа што во категоријата на физички лица кои вршат самостојна дејност да бидат вклучени и земјоделците регистрирани според Законот за пензиско и инвалидско осигурување за да добијат финансиска поддршка за месеците април и мај во износ од 14.500 денари, доколку имаат загуби.

„Со цел да се излезе во пресрет на производителите на храна, бараме да се донесе одлука на Влада на РСМ за Развојната банка на Република Северна Македонија да овозможи поволна кредитна понуда и за фармерите регистрирани според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се соочуваат со проблеми со откупот и имаат вишок на непродадени количини и загуба во својата работа, како последица од сегашната здравствена – економска криза во државата предизвикана од Корона Вирусот. Развојната банка на РСМ да понуди кредити без камата, без дополнителни оптоварувања со хипотеки и флексибилен период на отплати или да ја вклучи оваа категорија на регистрирани земјоделци дополнително во рамките на јавниот повик бр 1 COVID за поднесување на апликации за директно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија регистрирани во РСМ од компензационите фондови од странска помош. На ваков начин на земјоделците ќе им се овозможи да го диверзифицираат својот извор на приход (пр. агротуризам, угостителство, или подобрување на продуктивноста на производството преку набавка на технологии за преработки, и приоритет да се даде на поддршка на инвестициски активности на младите фармери и земјоделките) во услови кога нивното производство не може да се откупи поради настаната здравствено – економска криза во државата“, потенцира Васка Мојсовска претседателка на НФФ.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë