
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Свет
Земјоделство за 22-от век!
На најголемиот свестски земјоделски саем Агритехника, што секоја втора година се одржува во Хановер-Германија, оваа година учествуваа 2819 излагачи од 54 земји. Престижната изложбена манифестација која заврши пред неколку дена, годинава ја виделе преку половина милион посетители.

Најновите трендови во земјоделството и земјоделското производство, трактори како излезени од вселенска програма, транспортна опрема, машини за сеење, браздење, наводнување, орање, опрема за жетва на сточна храна, житни растенија, пченка, биотехнологија, машини и опрема за управување со шуми, производство на енергија од биомаса и обновливи индустриски суровини... биле преставени во 30 посебни хали на преку 40 илјади квадратни метри површина. Агритехника допринесува земјоделството на 22-от век уште денес да биде присутно на нивите.

Стручното жири на саемот за земјоделска механизација и опрема- Агритехника, додели еден златен медал за иновација на годината и уште 39 сребрени, во конкуренција од 291 пристигнати пријави.
Најголемото признание го добиле John Deere Walldorf GmbH & Co. KG i JOSKIN S.A. од Белгија за тракторот eAutoPower, што има електромеханички пренос на распределување на силата во агротехнологијата. Овој супер-трактот не само што е комплетно автоматизиран, туку поставува и нови стандарди во агро-механизацијата.
Повеќе информации за сите наградени може да се добијат на официјалниот сајт на саемот .
Следното издание на Агритехника е веќе закажано и ќе се одржи од 14 до 20 ноември, 2021 година во Хановер.
Б.А.Н.
