VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Зголемен буџетот за здравствена заштита на животните!

Kоординација на активностите во спроведувањето на ветеринарни активности од јавен интерес и реализација на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2020 година на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утврдување и анализа на проблемите во секторот за здравствена заштита на животните, разгледување на Правилникот за евиденција на ветеринарно медицински препарати и дискусија на актуелни прашања во ветеринарната дејност, се дел од темите на кои на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера дискутираа претставниците на АХВ и членките на Ветеринарната комора.

„Агенцијата за храна и ветеринарство годинава го зголеми буџетот наменет за ветеринарните друштва кои ќе ги спроведуваат програмите за здравствена заштита на животните. За разлика од 2017 година кога за оваа намена од буџетот беа одвоени 103 милини денари, годинава, за ветеринарните друштва наменети се 154 милиони денари. За две и пол години успеавме да го стабилизираме системот за безбедност на храната и здравствена заштита на животните, кој во 2017 година го затекнавме колабиран и со повеќе годишен долг од 8,1 милиони евра, кон сточарите, ветеринарните друштва, лабораториите и други субјекти“, истакна на средбата директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и додаде дека во контекст на европскиот и светскиот принцип “Едно здравје”, соработката на АХВ со ветеринарните друштва и во иднина мора да продолжи и да се продлабочува.
Покрај зголемувањето на поддршката за реализирање на активностите од областа на здравствената заштита, како одговорна институција, како што рече Атанасов, воведени се и новини во областа на здравствената заштита, следејќи ги современите текови во ветеринарната медицина. При крај се активностите на Агенцијата за осовременување и надградба на оперативниот електронски систем на АХВ и решавање на проблемите со софтверските решенија со кои се соочуваат ветеринарните друштва при работењето. Новиот надграден систем, рече тој, ќе го олесни внесувањето на податоците, а преку него во иднина ќе биде врзано и издавањето на здравствени сертификати кои ќе може да се издаваат само на огледувалиштата кои се слободни од болести.

До Европската унија доставена е регионализацијата на државава која предвидува постоење на осум посебни региони со кои треба да се олесни справувањето со болестите кај животните. Во поглед на продолжување на активностите за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума која во минатата година, но, и сега е предизвик не само за Агенцијата туку и за ветеринарните друштва, Атанасов апелира на неминовно засилување на мерките за контрола на движењето на животните и зајакнување на пасивниот надзор на одгледувалиштата, во што активно треба да бидат вклучени и ветеринарните друштва.
„Подигање на уште повисоко ниво на биосигурносните мерки неопходно е и при земање на мостри за лабораториско испитување за утврдување на евентуално присуство на оваа болест“, апелира тој.
Од оваа година, како што најави Вања Кондратенко, раководител на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, АХВ ќе го засили и мониторингот на векторите со цел спречување на појава на болести кои се пренесуваат со нив, а за кои државава ја прекина вакцинацијата, со цел прогласување на земјава за слободна од некои болести како што е и јазлестата кожа за која како и за беснилото ја укина вакцинацијата. Мониторингот ќе биде засилен и за болеста западно нилска треска.
„Престанавме и со вакцинација за болеста класична свинска чума, во насока на прогласување на земјава слободна од оваа болест и отворање на европскиот пазар и за свежо свинско месо по потекло од Македонија“, додаде директорот Атанасов.
Новина во годинашнава Годишна наредба за здравствена заштита на животните, како што објасни Кондратенко, е и испитувањето на трихинелозата за која фармите кои имаат спроведено висок степен на биосигурносни мерки, ќе треба да спроведат испитување само на 10 проценти од популацијата свињи која ја одгледуваат.

Во поглед на болеста чума кај малите преживари, спроведен е мониторинг со кој е потврдено дека болеста не е присутна во земјава, за што информирани ќе бидат Европската комисија и Светската организација за здравствена заштита на животните, објасни Кондратенко.
Во соработка со ветеринарните друштва успешно е реализирана кампањата за микрочипирање на домашните миленици, а комплетно се завршени и активностите за идентификација и регистрација на копитарите, со што во електронскиот систем на АХВ, сега се внесени околу 12 илјади копитари. Продолжува мерката и за 50 процентно покривање на трошоците за ентеротоксемија која АХВ ја почна минатата година.
Нова активност која ќе треба да се реализира согласно годинешната програма за здравствена заштита на животните е посетата на одгледувалиштата од страна на ветеринарните лекари, активност во која ќе треба да се вклучат ветеринарните друштва, но и овластените ветеринари, за што, за прецизирање на активностите, подготовката на програмата и измената на законот е веќе при крај.
Претседателот на Ветеринарната Комора Томислав Николовски посочи дека за новините во годинашната програма за здравствена заштита на животните неопходна е соработка со АХВ. Програмата, рече тој дефинира нови рокови, но и новини кои се однесуваат на начинот на доставување на мострите кој треба да обезбеди поголема безбедност при доставување и обработка на мострите како високоинфективен ризичен материјал, за што, апел за соодветно пакување и транспорт упати и професор Јована Стефановска од Факултетот за ветеринарна медицина.


Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!