VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Зголемените површини со пролетна зелка може да ја намалат откупната цена

Во Албанија, Србија и Северна Македонија се зголемени површините со пролетна зелка и тоа може да влијае на откупната цена на оваа градинарска култура, предупредуваат откупувачи од Струмичкиот регион.

Трговците информираат дека во земјава површините засеани со пролетна зелка се зголемени за 20 отсто во споредба со лани, кога се откупуваше по прифатливи цени за земјоделците од почетокот до крајот на сезоната, јавува МИА.
-Моментната цена изнесува 35 денари за килограм и се откупуваат многу мали количини, а пред неколку денови откупната цена изнесуваше 50 денари за килограм. Во овој период пролетната зелка во Албанија се откупува од 55 до 60 евро центи за килограм. Сметам дека годинава како ланските откупни цени на зелката ќе нема, бидејќи производството на оваа градинарска култура е зголемено како кај нас, но и во Албанија и Србија. Очекувам зелката да се откупува, бидејќи за неа има пазари каде може да се троши, вели Благој Витанов, откупувач од Струмица.

Според трговецот Ацо Стоилков годинава квалитетот на пролетната зелка е одличен и дека нема да има проблеми со откупот и пласманот.
Имаме најави за откуп од наши долгодишни деловни пријатели од земји од Источна Европа и централно европските земји и во последните десетина денови тие престојуваа тука и склучивме договори за извоз, информира Стоилков.
И производителите потврдуваат дека се зголемени површините со пролетна зелка.

-Очекуваме цена која сигурно нема да биде како ланските, но да добиеме цена за да не остане зелката на нивите, смета Бончо Божиков, производител на пролетна зелка од село Дабиле.
Спорд трговците шпицот на откупот на пролетната зелка се очекува на почетокот на идниот месец, кога ќе се знае колкава ќе биде понудата и побарувачката.
И годинава пролетната зелка треба да се извезува во Украина, во поранешните југословенски републики, во земји од ЕУ, но и во скандинавските земји.

МИА

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë