
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
За земјоделците нема да важи полицискиот час за време на викенд
Владата на вчерашната седница го утврди појаснувањето на одлуката за забраната на движење за време на викендите, поточно од овие одлуки и мерки ги исклучи земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности во овој период.

„На оваа седница во врска со Одлуката за проширувањето на забраната за движење за време на викенд деновите во сабота и недела од 16:00 часот до 05:00 часот, е утврдено појаснување за ова ограничување, кое се однесува на земјоделците заради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено во градинарските култури“, соопшти владината прес-служба.
ополнително, оние земјоделци, фармери, сточари и други земјоделски работници кои преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се пријават за добивање на дозволи за движење, ќе има бидат издаденни од МЗШВ преку Министерството за информатичко општество и администрација.

За ова, како што се појаснува во соопштението, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба соодветно да го информира земјоделскиот сектор.
ладата претходно одлучи да го прошири полицискиот час кој во работните денови трае од 21 часот до пет утрината, за викенд да биде од 16 часот до пет утрото. Дополнително, граѓаните над 67 години не смеат да се движат по 11 часот преку ден, а младите до 18 години пред 12 часот напладне.
Забраната за движење од 21 часот важи за сите возрасни групи. Владата објаснува дека овие забрани ги воведува во обид да го спречи ширењето на коронавирусот. До денеска во Македонија има 201 заболен од овој вирус, најмногу во Скопје, тројца починаа, а тројца се излекувани.
Б.А.Н.
