
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
За земјоделките финансиска помош од 3.000 евра
Целта на оваа мерка е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени, а со тоа подеднакво да придонесат во развојот на земјоделството

Платежната агенција го објави Јавниот повик за доставување на барања за мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој за оваа година. Максималната финансиска поддршка е во износ од 180.000 денари или 3.000 евра во форма на грант.
„Оваа мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки се воведе за прв пат, а целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени, а со тоа подеднакво да придонесат во развојот на земјоделството. Очекуваме да има голем интерес за оваа мерка“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на вчерашната прес -конференција

Крајниот рок за доставување на барањата е 26- ти декември 2019 – та година. Корисници на оваа мерка можат да бидат и земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„ Со овие средства може да се набави опрема за постбербени активности за овошје и зеленчук, житарици и мелнички производи, растители и животински масла, шира и сок од грозје, вино, оцет, маџун, месо и месни производи, млеко и млечни производи, опрема за прием, собирање и чување, сортирање, чистење, миење, сушење, калибрирање на земјоделски производи. Прифатлива инвестиција е и набавка на опрема за ладење и замрзнување, за сечење, конзервирање, сушење, етикетирање на производи. Со помош на средствата од оваа мерка може да се набавува и опрема за манипулација, утовар и истовар, ладилници, палети, опрема за мерење и квалитет, опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Дополнително, преку мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, се промовира и директна продажба или продажба од праг. За оваа мерка е подготвен и Правилник за флексибилност за производи од животинско потекло, што дава основа за продажба од праг.
Оваа мерка ја креираше посебна новоформирана Работна група за родова еднаквост и зајакнување на жените, која доби силна поддршка од UN Women. Во работната група освен претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, активно се вклучи и невладиниот сектор (Национална федерација на фармери, Рурална мрежа, Рурална коалиција), Министерството за труд и социјална политика и Факултетот за земјоделски науки и храна. Во следниот период работната група ќе спроведе инфо денови на терен, за дообјаснување на критериумите.
Б.А.Н.
