VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Западен Балкан ќе ги освојува пазарите во ЕУ

Проектот има за цел подобрување на извозниот потенцијал на малите и средните претпријатија од регионот особено во делот на конзервната и преработувачката индустрија.

Проектот „Зголемување на извозниот потенцијал на малите и средни претпријатија во регионот на 6-те земји од Западен Балкан“ на кој цела година работеа стручњаците од Стопанските комори на Северна Македонија, Србија, Албанија Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина , имаше своја завршница во Тирана оваа недела. Главната цел на Проектот беше да се подобрат рамковните услови за трговија во Југоисточна Европа, во согласност со барањата на процесот за приближување кон ЕУ, а е подржан од Отворениот регионален фонд за надворешна трговија на Германското друштво за интернационалана соработка. Имплементацијата на проектот е со цел подобрување на извозниот потенцијал на малите и средните претпријатија од регионот особено во делот на конзервната и преработувачката индустрија.

Во изминатиот период во рамки на проектот беше спроведена проценка за подготвеност за извоз на компаниите од агросекторот и преработувачкиот сектор ,којашто имаше за цел да го анализира извозниот потенцијал на претпријатијата во дадениот сектор, да се идентификуваат заедничките бариери во извозот и да се развијат специфични услуги за поддршка на извозот во овој сектор и синџирот на снабдување на шесте земји од регионот, врз основа на побарувачката на компаниите.

Врз база на добиените податоци, во рамки на првата фаза беше изготвена и Брошура со насоки за извоз на производи од преработувачката индустрија (овошје и зеленчук) од Регионот на Западен Балкан во земјите на Европската Унија , којашто воедно е достапна за сите компании на официјалната веб страна на Стопанската комора на Македонија (www.mchamber.mk).
Во завршната фаза Коморите од регионот креираа заедничка база на податоци на произведувачи и дистрибутери на производи од агро-секторот, поточно производи од конзервната и преработувачката индустрија, од пазарите во регионот, но и од европските пазари. Секоја од шесте комори беше задолжена за анализа на домашните пазари и внесување на потребните податоци во заедничката база. По комплетирањето на базата од страна на коморите и имплементацијата на техничките решенија, базата е пуштена во употреба како услуга за сите членки на Стопанската комора на Македонија.
Со креирањето на оваа заедничка база, коморите од земјите на Западен Балкан ќе можат на компаниите заинтересирани за извоз и пласман на своите производи на странските пазари да им обезбедат детални информации за дадените пазари и потенцијалните партнери, со цел олеснување на извозниот процес.

Со имплементирањето на овој проект, не само што ќе се олесни поврзувањето на компаниите од регионот на Западен Балкан, туку ќе им се овозможи и полесен пристап на малите и средни компании од Македонија да ги развијат своите извозни потенцијали и да ги пласираат своите производи и на европските пазари.
Во наредниот период базата на податоци тековно ќе се дополнува со нови информации и ќе се ажурира од страна на задолжените лица од сите шест комори од Регионот, се со цел да им се помогне на домашните компании во обидите за раст на нивните извозни активности.
Стопанската комора на Македонија ги повикува и ги охрабрува сите компании од преработувачката/ конзервната индустрија коишто имаат интерес да ги насочат своите извозни активности кон пазарите на Западен Балкан но и Европската Унија, да ја контактираат Стопанската комора на Македонија, со цел добивање подетални информации и ширење на партнерската мрежа во регионот и пошироко.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë