VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Заедничка апликација на ФАО и MammalNet за откривање на Африканска свинска чума

По измената на апликацијата iMammalia, секој корисник сега може, во рок од неколку секунди, да го пријави откритието на труп на диви свињи, со што ќе помогне во борбата против африканската свинска чума“, изјави Марк Ховари, ФАО експерт за подготвеност за здравје на животните.

Африканската свинска чума може да се прошири низ неколку рути, вклучително и преку природното движење на дивите свињи. Вирусот е подеднакво смртоносен и за домашните и за дивите свињи. Затоа, тестирањето на угинати диви свињи за присуство на вирусот африканска свинска чума е најсигурен начин за рано откривање (и реагирање на) болеста кај овие популации. Животното многу веројатно ќе умре за неколку дена откако ќе се зарази, така што, доколку се пријави навреме, трупот на дивата свиња може да биде уништен или правилно да се отстрани за да се намали понатамошната контаминација.

За таа цел, ФАО заедно со проектниот тим MammalNet, додадоа нови функции во нивната бесплатна мобилна апликација, iMammalia, со цел навремено известување за пронајдени трупови на диви свињи низ Балканот и пошироко. Апликацијата, која веќе се користи во Европа, првично беше дизајнирана за лесно снимање и евидентирање на присуството на цицачи.
„По измената на апликацијата iMammalia, секој корисник сега може, во рок од неколку секунди, да го пријави откритието на труп на диви свињи, со што ќе помогне во борбата против африканската свинска чума“, изјави Марк Ховари, ФАО експерт за подготвеност за здравје на животните. „Корисниците можат да ги пријават гео-координатите, нивото на распаѓање и полот, па дури и да испратат фотографија од трупот“.

Покрај новата функција, ФАО ја преведе апликацијата на македонски и српски јазик и ќе работи на олеснување на употребата на апликацијата од различни целни корисници на Балканот.
Иако ловџиите се главна целна група во откривање на диви свињи, пешачите, ренџерите и во основа секој кој ја посетува шумата може многу да придонесе за откривање на трупови на диви свињи. Колку повеќе луѓе пријавуваат угинати диви свињи, толку полесно надлежните ќе ја контролираат болеста.
Во Европа, африканската свинска чума постепено се шири почнувајќи од Грузија, каде влезе во 2007 година, низ Централна Европа, каде навлезе во повеќето држави. Денес, болеста е веќе присутна на Балканот, при што Бугарија, Грција, Романија и Србија пријавуваат епидемии и се заканува нејзино проширување низ целиот Балкански регион. Смртоносната болест носи огромни економски трошоци и значителни нарушувања на трговијата, сериозно влијае на руралната егзистенција, доколку не се открие навреме.
„Може да биде предизвик да се пронајдат трупови од диви свињи во шумите, но, како што се докажа во неколку земји, тоа не е невозможно ако свеста и стимулациите се исправни“, изјави Даниел Белтран-Алкрудо, ФАО експерт за здравје кај животните.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë