
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Жителите од Долна Преспа ќе бидат обесштетени за лансокото невреме
Општина Ресен, во рок од еден месец ќе изврши обесштетувањето на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски

Од Буџетот на Република Северна Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа.

Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.
Во знак на благодарност поради залагањата на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната средба му доделив плакета „Преспански јаболкобер 2020“.
Оваа мерка на Владата на Република Северна Македонија, претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа, напиша градоначалникот Гошаревски.
Б.А.Н.
