VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Organic

Див мед или преработен? Која е разликата меѓу нив?

Преку филмот „Медена земја“, кој е снимен во Македонија и се бореше за Оскар во две категории, дознавме за една досега малку позната страна на пчеларството и производството на див мед.

Преку филмот „Медена земја“, кој е снимен во Македонија и се бореше за Оскар во две категории, дознавме за една досега малку позната страна на пчеларството и производството на див мед.

Оттука се поставува прашањето која е разликата меѓу медот собран на тој начин и оној кој се произведува за комерцијална употреба. Најпрво треба да се напомене дека дивиот мед уште се нарекува и сиров и секако, постои разлика меѓу него и обичниот кој масовно се произведува. Секако, дивиот го има во помали количини, бидејќи дел мора да се остави за пчелите, како што можевме да научиме од самата Атиџе.

Дивиот мед се процедува директно од саќето, а во тегли се собира процеден преку газа или друга ткаенина, за да се исфилтрира од мртвите пчели и парчињата пчелин восок. Во него има голема концентрација на полен и природен шеќер. Овој мед може да се набави директно од одгледувачите, бидејќи не може да се продава во продавници, затоа што за тоа да се случи, мора да помине низ други производствени процеси.

Медот кој се подготвува за продажба често се прочистува и поминува низ повеќе процеси на пастеризација. Со ова се продолжува неговиот рок на траење, се намалува кристализацијата и добива сирупеста структура. Но, секогаш постои ризикот дека индустрискиот мед се меша со шеќер или шербет, за да се намалат трошоците за производство.

Дивиот мед е похранлив
Најважната разлика меѓу овие два вида мед е нивниот квалитет. Отприлика, дивиот мед содржи 22 аминокиселини, над 30 различни минерали, широк спектар на витамини и ензими, како и полифеноли, кои во организмот имаат улога на антиоксиданси. Во дивиот мед може да се најдат и полен и пчелин прополис.

Секако, мора да се напомене дека овој мед е ризичен за луѓето кои страдаат од алергии и за жал, треба да го избегнуваат.

За разлика од дивиот, обичниот мед низ процесот на производство губи дел од хранливите состојки и речиси и да не содржи полен. Спротивно на популарното верување, дури и во дивиот мед концентрациите на поленов прав се мали, бидејќи пчелите веќе го испроцесирале при создавањето на медот.

Дивиот мед може да има најразлични нијанси на бојата и променлива текстура, во зависност од тоа каков полен и нектар консумирале пчелите претходно.

Кога купуваме мед од продавница, треба да бидеме свесни дека секогаш постои ризик да е мешавина со пченкарен фруктозен сируп, а во последно време се користи и сируп од кафеав ориз, кој има слична боја со медот.

Дивиот мед, од друга страна, секогаш е 100% чист мед, собран директно од саќето и никогаш не содржи ниту една дополнителна состојка. Како што видовме и во филмот, процесот на одгледување и собирање е многу сложен, па затоа и неговата цена е значајно повисока од онаа во продавниците.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë