VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Свет

Да се одржат активни глобалните синџири на храна е клучно за време на кризата

Kjу Донгју, генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во своето обраќање, завчера во Рим, истакна дека светот мора да преземе итни мерки за да ги минимизира нарушувањата во синџирите на снабдување со храна.

Пандемијата COVID-19 претставува огромен терет за јавните здравствени системи ширум светот, а милиони луѓе во најнапредните светски економии се во некаква форма на карантин.
Знаеме дека човечката загуба ќе биде голема, и дека огромните напори за промена кон подобро носат со себе големи економски трошоци.
За да се намали ризикот од уште поголема загуба - недостиг на храна за милиони, дури и во богатите земји - светот мора да преземе итни мерки за да ги минимизира нарушувањата во синџирите на снабдување со храна.
Потребен е глобално координиран и рационален одговор за да се спречи оваа здравствена криза да предизвика криза со храна во која луѓето не можат да најдат или да си дозволат храна.
Засега, COVID-19 не предизвика никаков притисок врз сигурноста на храната, и покрај објавите за преполни опсади на супермаркетите.
Иако нема потреба од паника - има доволно снабдување со храна во светот за да се нахранат сите - ние мора да се соочиме со предизвикот: огромен ризик храната да не биде достапна таму каде што е потребно.
Масовното ширење на COVID-19, со сите придружни затворања и блокади, создаде логистички тесни грла во долгите вредносни синџири на модерната глобална економија.

Ограничувањето на движење, како и основното аверзивно однесување на работниците, може да ги спречат земјоделците од одгледување и преработка на храна. Недостаток на ѓубрива, ветеринарни лекови и други суровини, исто така, може да влијаат на земјоделското производство.
Затворањето на ресторани и поретко купување намирници ја намалуваат побарувачката за свежи производи и риба, кои влијаат врз производителите и добавувачите, особено врз малите земјоделци, со долгорочни последици за сè поурбанизираното население во светот, без оглед дали се наоѓа во Менхетен или Манила.
Несигурноста околу достапноста на храна може да ги натера креаторите на политики да спроведат трговски рестриктивни мерки со цел да ја заштитат националната сигурност на храната.
Со оглед на искуството од глобалната криза на цените на храната, 2007 година, знаеме дека ваквите мерки можат само да ја влошат ситуацијата.
Ограничувања на извозот, воспоставени од земјите извознички, за да ја зголемат достапноста на храната во земјата, може да доведат до сериозни нарушувања на светскиот пазар на храна, што резултира во раст и зголемена нестабилност на цените.
Во 2007-2008 година, овие брзи мерки се покажаа исклучително штетни, особено за земјите со ниски приходи и со дефицит на храна, како и за напорите на хуманитарните организации да обезбедат намирници за сиромашните и ранливите.
Сите треба да учиме од нашето неодамнешно минато и да не ги правиме истите грешки двапати.

Креаторите на политики мора да се грижат да избегнат ненадејно затегнување на условите за снабдување и проток на храна.
Додека секоја земја се соочува со свои предизвици, соработката - меѓу владите и целокупниот спектар на сектори и засегнати страни - е од најголема важност. Доживуваме глобален проблем што бара глобален одговор.
Мораме да осигураме дека пазарите на храна функционираат правилно и дека информациите за цените, производството, потрошувачката и залихите на храна се достапни за сите во реално време. Овој пристап ќе ја намали неизвесноста и ќе им овозможи на производителите, потрошувачите, трговците и преработувачите да донесат информирани одлуки и да спречат неоправдано панично однесување на глобалните пазари на храна.
Здравствените ефекти на пандемијата COVID-19 врз некои од најсиромашните земји сè уште не се познати. Сепак, можеме да кажеме со сигурност дека секоја криза со храна, како резултат на лошото креирање политики, ќе биде хуманитарна катастрофа што можеме да ја избегнеме.
Веќе имаме 113 милиони луѓе кои доживуваат акутен глад; во субсахарска Африка, четвртина од населението е потхрането. Какво било нарушување на синџирите на проток на храна ќе ги интензивира и човечките страдања и предизвикот за намалување на гладот ширум светот.
Ние мора да сториме сé што е можно за да не дозволиме да се случи тоа. Превенцијата чини помалку. Глобалните пазари се клучни за балансирање на шоковите во понудата и побарувачката низ земји и региони, и ние треба да работиме заедно за да се осигураме дека нарушувањата во синџирите за снабдување со храна се минимизираат колку што е можно повеќе.
COVID-19 силно не потсетува дека солидарноста не е добротворна организација, туку здрав разум..


Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë