VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Да се засилат контролите за спречување на појавата на птичји грип

Живината и другите птици да се држат на начин со кој ќе се ограничи нивното движење надвор од живеалиштата, а одгледувачите треба да внимававаат и да се спречи контакт на домашната живина со дивите птици, предупредуваат надлежните од Управата за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство ги извести одгледувачите на живина, ветеринарните и ловните друштва да ги засилат биосигурносните мерки на фармите надзорот кај дивите птици поради опасноста од пренесување на вирусот на птичји грип во земјава преку преселните птици. Болеста е присутна кај домашните и дивите птици во Западна Русија и Северен Казахстан, каде во одредени области престојуваат неколку видови птици преселници, пред да се преселат во области каде презимуваат, а кои вклучуваат и делови од Европскиот континент.

Живината и другите птици да се држат на начин со кој ќе се ограничи нивното движење надвор од живеалиштата, а одгледувачите треба да внимававаат и да се спречи контакт на домашната живина со дивите птици. Од особена важност е да не се врши поење и хранење на живината во дворовите, за да не се привлече вниманието на дивите птици.

Да се внимава во јатата да не се внесува живина со непознат здравствен статус, а до надлежното ветеринарно друштво или официјалните ветеринари да се пријави промената во здравствената состојба на живината или зголемената смртност. Забрането е хранење на живината и другите домашни животни, првенствено кучиња и мачки со остатоци од диви птици зошто секој остаток од нив се третира како потенцијален извор на Авијарна инфлуенца.

Бидејќи станува збор за болест која најчесто се шири преку птиците преселници, кои се сметаат за нејзин резервоар, за да се намали ризикот од појава или нејзино пренесување во земјава, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до ветеринарните и ловните друштва да го засилат надзорот, со вадење на крв од живината и земање на брисови за навремено тестирање на мртви и болни диви птици.

Се препорачува да се врши дезинфекција на превозните средства за живина и диви птици, јајца за ведење, производи и нус - производи од живина и мрши.
Бидејќи дивите птици се главни преносители на болеста, ловџиите по враќање од лов треба задолжително темелно да се измијат пред да стапат во контакт со живината која ја одгледуваат, а облеката која ја носеле кога биле во лов да не се користи во контакт со живината.

Авијарната инфлуенца е болест која задолжително се пријавува и затоа во најкраток можен рок, до надлежното ветеринарно друштво или официјалниот ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство одгледувачите на живина да пријават зголемена смртност или појава на клинички знаци на болеста во јатата, а ловџиите зголемена смртност кај дивите или водните птици. Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето.

Болеста предизвикува големи економски загуби во живинарството, а кај птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност. Од живината најчесто заболуваат кокошките и мисирките, а кај патките и гуските се развиваат само благи симптоми на болеста.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë