VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Грашок како добра предкултура за градинарски култури

Грашокот како култура не е доволно застапен во нашите подрачја и затоа, согледувајќи го временскиот и климатски период, се препорачува да биде што повеќе застапен бидејќи како култура заслужува да биде одгледуван во поголем обем. Богат е со хранливи состојки, а најмногу со белковини, јаглехидрати и витамини

Грашокот, е едногодишно зелјесто растение со голема хранлива вредност како градинарска култура и се вбројува помеѓу најзначајните култури. Датира од пред многу години, а во Европа е пренесен уште од почетокот на средниот век. Како храна се користи зрното во технолошка зрелост, се конзервира по пат на стерилизација и како смрзнат. Богат е со хранливи состојки. а најмногу со белковини и јаглехидрати. Околу 90% од белковините го сочинуваат глобулинот. а во технолошката зрелост шеќерите и скробот се во однос 1:1. Од хранливите состојки. покрај белковини и јаглехидрати. содржи: шеќери, минерали. вода. потоа натриум. калиум, калциум. магнезиум, фосфор, железо и друго, а од витамините: каротин. витамин Е. витамин Б1. Б2, БЗ. Б5, Б6. Ц.


Плодот на грашокот е мешунка чија должина, во зависност од сортата. варира од 4 до 12 см. Во мешунката се наоѓаат 4-12 семки кои потоа заметнуваат во зрно. Зрното во технолошка зрелост е округло до малку овална форма со различна нијанса на зелена боја. Грашокот е растение на умерена клима. Успева на благи температури кои се најповолни за пораст и развој на оваа култура. Оптималната температура за ‘ртење и поникнување е 20°С, а минималната 5°С. Успева на добро дренирани или пропусливи почви посебно за рано пролетното производство кога почвата побрзо се загрева. Оптималната рН вредност за грашокот е 6-6,5 или површини со слабо кисела реакција. На почви со рН над 8 не се препорачува одгледување на грашокот додека ако рН е под 5 или ако почвата е кисела. се препорачува претходно да се изврши калцификација.
Грашокот за конзервирање се сее по жетвата на житата – Маслодајната репка или шеќерната репка. Пченката не е добра преткултура поради повеќе негативности. Грашокот е добра преткултура за повеќето градинарски култури поради кратката вегетација што е еден од битните фактори поради кои по неговата берба почвата останува богата со органски кислород
Основна обработка на почвата се изведува наесен за да може добро да се сочува влажноста во текот на пролетниот период на сеидба. Многу битна агротехничка мерка е да не се дозволи да се создаде кора на површината на почвата бидејќи тогаш многу тешко поникнува.



Во однос на ѓубрењето, исклучително се ѓубри со минерални ѓубрива и тоа при самата обработка на почвата пред сеидбата. Прихранувањето се избегнува бидејќи растението станува побујно, з се намалува цветањето и плодоносењето. Се употребуваат NРК како основно ѓубриво во комбинација 8.16:24, 700 кг/ха или 500 кг/ха NРК 10:30:20 плус 2п, потоа површината се преорува и окопува. При подготовката на површина за сеидба се додава и околу 100 кг/ха уреа 46% N. Сеидбата на грашокот треба да се изврши што е можно порано, зависно од климатските услови. Се сее на длабочина 4-6 см на потешки почви, а на полесни на длабочина 6-8 см. Растојанието помеѓу редовите е 60-80 см или 200-250 кг/ха.

При подоцна сеидба или лошо подготвена површина. нормата на семето се зголемува по единица површина. Наводнувањето се изведува со дождење, по бразди, со систем капка по капка.
Во текот на производството се врши превентивна заштита од габични заболувања и штетници кои го напаѓаат грашокот. Грашокот за консумација се бере во технолошка зрелост кога содржината на шеќери се движи околу 5%. а скробот околу 7%. Во оваа фаза зрното е со пријатен вкус. меко и сочно. Приносот се движи од 8 до 12 т/ха во мешунка. а бербата се одвива рачно или машински, посебно ако се работи за индустриска преработка. Грашокот како култура не е доволно застапен во нашите подрачја и затоа огледувајќи го временскиот и климатски период се препорачува да биде што повеќе застапен бидејќи како култура заслужува дa биде одгледуван во поголем обем. Претежно кај нас се употребува во свежа состојба или смрзнат, додека пастеризираниот грашок се увезува.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë