
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Време е за кроење на розите
Розите се зимзелени џбунести растенија кои во нашето умерено-континенатлано подрачје во текот на зимата ги отфрлаат листовите. Презимуваат без големи проблеми, а крајот на фебруари и почетокот на март е идеалното време за нивно кроење

Розите не само што се најубавиот украс за секоја градина, туку се и растенија кои се многу отпорни на мраз и болести. Презимуваат дури и ако температурата се спушти десетина и повеќе степени под нулата. Понекогаш може да се случи замрзнување на врвчињата или поголемиот дел од стеблото, но билката се регенерира и ја продолжува вегетацијата.
Одгледувањето на розите има пет важни чекори во текот на годината:
-неколку пати раскопување во текот на годината,
- редовно полевање, одобено во лето кога температурите се највисоки,
- прскање со пестициди за заштита на растението од болести и штетници,
-третирање на билките со органски и минерални ѓубрива како дополнителна храна и
- соодветно и правилно кроење.

Розите се кројат три пати во текот на годината. Пролетното кроење почнува кон крајот на фебруари и почетокот на март, кога е потребно да се скратат сите стебленца на висина од десетина сантиметри. Треба да се внимава на тоа да се остават барем неколку здрави изданоци кои ќе дадат нови гранки, многу бргу по кроењето. Во овој период многу е важно секоја роза да се третира со минерални ѓубрива. Истовремено, кога времето е сончево и суво розите треба да се испрскаат со заштитно средство на база на бакар-оксихлорид - препарат што ја спречува појавата на црна пегавост на листовите на почетокот на вегетацијата.
Летното кроење е редовна постапка од мај до септември, кога се отстрануваат прецветаните цветови и гранки. Се отстрануваат гранките кои немаат цветови најчесто дваесетина сантиметри.
Есенското кроење се одвива во текот на ноември веднаш по првите мразеви и преставува само делумно отстранување на гранките. Ова значи дека е потребно да се скратат големите и оштетени гранки кои можеби би се скршиле од снегот и ветерот во текот на зимата. Понекогаш е потребно и само корективно поткастрување за да може полесно да се пријде до растението, да се раскопа или покрие со компост и земја.
Б.А.Н.
