VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Високите температури опасни за расипување на храната и за здравјето на животните

По труењето со храна во еден скопски локал изминатиов викенд, Агенцијата за храна и ветеринарство, даде неколку препораки за подготвувањето, чувањето и транспортот на храната, но и совети за превенцијата на домашните миленици и добитокот од високите летни температури

Календарски се наоѓаме на почеток на летото, период во кој температурите растот и над 30 степени Целзиусови со што се зголемува опасноста од труење со храна. Високите температури неповолно можат да се одразат и на здравјето на животните.
За да се елиминира можноста од труење со храна неопходно е да се направи правилен избор, набавка и транспорт на продуктите. Храна да се купува од одобрени оператори, да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и нејзино соодветно чување, а лесно расипливите продукти да се купуваат исклучиво од објекти каде производите се чуваат во разладни уреди. Да се избегнува купување и да не се користи храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), а оладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето. Месо, млеко и јајца да се купуваат на крај на пазарењето, а овие производи да се внимава не се чуваат долго време во автомобил и други транспортни средства каде температурите се многу високи.

Пред подготовка на храната добро да се измијат рацете, оладената храна да се чува на температура пониска од 5, а топлата храна на температура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. Ако по подготвувањето храната не се консумира веднаш, таа треба да се чува во фрижидер. Рацете често да се мијат во текот на подготовката на храната. Во фрижидер на најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти и глодари, но и од миленичињата и другите животни кои може да ја контаминираат.
Доколку решите да консумирате купена веќе подготвена храна или да јадете во угостителски објект, одберете места кои имаат добра репутација. Доколку сте купиле топла, оладена или замрзната храна, треба што побрзо да ја донесете дома и веднаш да ја ставите во ладилник или замрзнувач. Проверете дали лицето кое послужува храна користи посебни штипки за различни видови храна, во објектите за брза храна, одбегнувајте ги додатоците кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови и преливи.

Високите температури претставуваат голем стрес за секое животно кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти каде има висок процент влага и недоволна вентилација, кај животните може да дојде до појава на топлотен удар. Сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сончевото зрачење. И во двата случаи, исходот може да биде фатален доколку не се делува на време и доколку животните се изложуваат на напорната работа, или транспортот при високи температури.
Високите температури претставуваат голем стрес за секое животно кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти каде има висок процент влага и недоволна вентилација, кај животните може да дојде до појава на топлотен удар. Сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сончевото зрачење. И во двата случаи, исходот може да биде фатален доколку не се делува на време и доколку животните се изложуваат на напорната работа, или транспортот при високи температури.
Сопствениците на домашни миленици да не ги оставаат домашните миленици во затворен автомобил кој е директно изложен на соне, да се избегнуваат прошетки во текот на најтоплиот период од денот.
За да се избегне топлотен удар, животните кои се одгледуваат на фармите треба да се држат во проветрени простории (отворање на сите прозори и употреба на вентилација како и уреди за разладување), да се внимава на населеноста (густината) на единките во објектите. Тие треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, односно, на испустите потребно е да има натстрешници или природни ладовини за нив. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински, или вечерни часови, период во кој треба да се организира и нивниот транспорт.

Б.А,Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë