VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Брашно вредно живот

Пченицата учествува со 51 процент од вкупното производство на житни култури во земјава, кои во просек се одгледуваат на 100.000 хектари ораници. Според расположивите податоци од Комората на мелничко-пекарската индустрија, произведените житарици не го задоволуваат домашниот пазар, а статистиката покажува дека се увезува во просек по 100.000 тони житни култури годишно

Кога кај нас ќе се каже брашно, речиси секогаш се мисли на она добиено од пченица. Тоа е најважна, основн намирница во европската и американската култура, од која се прават различни видови на леб и теста. Освен од пченица брашно се изработува и од пченка, рж, јачмен, овес, наут, костен, просо, ориз....Во зависност од „тврдината“ на житото, постојат меки наменети за леб, и тврди брашна кои се користат за колачи. Побелото брашно се состои само од житното јадро, односно во него не се среќава обвивката од зрното. Тоа се брашна од тип-400 или тип-500. Овие брашна немаат витамини и минерали како црните брашна од тип-800 или тип-1100.
Типот на брашно се утврдува со спалување на истото во калориметар и процентот на пепел кој останува при согорувањето. На пример, во брашното тип-400 има 0,4% пепел, во тип-500 0,се наоѓа 5% пепел.

Р'жаното брашно на пазарот се сретнува како тип 750, тип 950, тип 1250 и р'жано брашно од цело зрно. Со зголемувањето на учеството на пепел се зголемува хранливата вредност на р'жаното брашно. Овој вид на брашно на лебот му даваат целосен вкус и свежина, а поради ниската содржина на глутен често се меша со пченично брашно. Пченкарното брашно се користи за правење леб и пецива,како и за разни традиционални јадења, како проја, качамак, цицвара... Поради тоа што е природно без глутен, се меша со пченично брашно во правење леб или пецива. Пред обработката добро е пченкарното брашно да се попари, олади, а потоа да се меси. Лебот од пченкарно брашно е со жолта боја, лесно набиена средина и полн вкус.

Покрај пченичното, пченкарното и р'жаното брашно на пазарот се повеќе може да се најдат и хељдино брашно, јачменово брашно, овес и просо, но тие се користат многу поретко во подготовка на производи од киснато тесто и тоа речиси секогаш со додавање на пченично брашно.
Брашната кои не содржат глутен (оризовото, пченкарното и хељдиното брашно) можат да се користа во прехраната на лицата алергични на глутен, однсоно оние кај кои е дијагностицирана целијакија. При подготовка на леб и пецива од овие брашна, функцијата на глутенот може да се надополни со употреба на хидроколоид што значи со додавање на гуар, гумаили или пектин .

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë