VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Свет

Африканска свинска чума во Бугарија!

Иако кај нас не е регистриран ниеден случај на ова заболување кај свињите, во соседна Бугарија се потврдени резултатите за присуство на вирусот на африканска чума кај две диви свињи

Во соседна Бугарија во реонот на Благоевград, е потврдено присуство на болеста африканска свинска чума кај заловена дива свиња. Ова е втор случај кај кој е регистриран опасниот вирус. Од страна на бугарските ветеринарни власти е поднесена пријава до Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ на 17 овој месец. За да се спречи појава и ширење на болеста и во нашата земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните, да се почитуваат донесените решенија за спроведување заштитни мерки, кои ги пропиша Агенцијата, бидејќи опасност од појава на болеста која се уште постои.
„Упатуваме апел до граѓаните од пограничните региони со соседна Бугарија и ловните друштва до најблиското ветеринарно друштво или до официјален ветеринар задолжително да пријават доколку забележат пцовисана дива свиња бидејќи преку труповите во кои вирусот опстојува долго време, можно е ширење на болеста меѓу популацијата диви свињи. Концесионерите на ловишта да продолжат да спроведуваат засилен надзор во ловиштата и санитарен отстрел со земање мостри за испитување присуство на болеста од секоја застрелана свиња, апелираат надлежните од АХВ. Исто така лицата што биле на лов и имале контакт со диви свињи не смеат да имаат контакт со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот. Одгледувачите на свињи во селските домаќинства да ги одржуваат и развиваат биосигурносните мерки на фармите. Свињите да се чуваат затворени, да се води евиденција за нивното движење и да се ограничи пристапот на лица и/или возила на фармите. Неопходно е да се преземаат мерки за чистење и дезинфекција на објектите, опремата и возилата и контрола на штетниците и векторите на фармите.

Инаку минатиот месец Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, во рамки на проектот “Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”, во Берово одржа симулациска вежба за тестирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест. Целта на вежбата беше проверка на функционалноста на Планот за итни мерки за справување со африканската свинска чума, болест која не е присутна во земјава, со цел обезбедување на висок степен на заштита при евентуална нејзина појава и спречување на нејзино ширење.
За да се елиминира секаква можност од евентуална појава и спречување на вирусот на африканска свинска чума и други болести, но, и заради лична заштита, неопходно е да се води сметкаи при колењето на свињите, тоа да се изврши во ограден простор (начесто двор), каде пристап нема да имаат други животни и домашни миленици. Површината на која ќе се врши колењето (бетонска или друг тип на површина која лесно се одржува), треба да може лесно да се измие со вода и да се дезинфицира.
Исклучително важно е оваа активност да се врши во присуство на што е можно помал број лица кои ќе бидат вклучени во колењето и конфекционирањето на месото. Пред почетокот да се изврши дезинфекција на облеката и алатот, а при колењето, лицата задолжително треба да носат заштитни ракавици.

Доколку пред почетокот на колењето, сопственикот на добитокот забележи дека свињите манифестираат симптоми на треска, проследена со исклучително висока телесна температура, слабост во нозете, повраќање и дијареја, појава на црвенило или сино обоени делови од кожата, најмногу околу носот и ушите, кашлање и тешко дишење, задолжително да повика ветеринар.
Исклучително е важно, потенцираат надлежните од АХВ, по колењето да се изврши темелно чистење и дезинфекција со негасена вар или специјални дезинфициенси кои имаат широк спектар на делување против вирусите, не само на површината каде се вршело колењето, туку и на и во објектите каде се чувале животните. Процесот на колење на животните покрај тоа што треба да се спроведе на хигиенски начин, задолжително мора да се води сметка и за благосостојба на животните и нивна заштита од болка и страдање.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë