VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Аисберг (Iceberg) салата

Салатата спаѓа во групата на растенија со многу краток период на вегетација. Може да се произведува на различни начини и во сите периоди: рано производство во пластеници, летно производство и есенско-зимско производство (заштитен простор).

Аисберг салатата во однос на технологијата на производство спаѓа во групата на зеленчуци кои се одгледуваат на пониски температури. Оптимална температура на поникнување е 18С, а после тоа температурата се намалува на 12-15С. На пониски температури (5-10С),вегатацијата може да трае и до 90 дена после расадувањето, а на повисокитемператури од 25-30С, вегетацијата се скратува и до 20 дена од расадувањето.
Аисберг салатата е растение на долг ден, и за формирање на густа розета односно цврста главица бара доста светлина. Новите селекционирани сорти на аисберг салата поднесуваат послабо осветлување и пократок ден, поточно услови какви што се во текот во зимскиот период.
Многу важно е при изборот да се внимава која сорта треба да се произведува, бидејки ако се работи за сорта на долг ден, а се одгледива во периоди со слабо осветлување и краток ден, може да дојде до предвремено цветање и неформирање на цврста глава а со тоа и големи загуби во пеоизводството.
Аисберг салатата не бара големи количини на вода за одгледување, и секогаш е да има постојана и умерена влажност. Високата релативна влажност на воздухот преку 80%, може да предизвика појава на разни болести па затоа е потребно преветрување.
Бара лесни песокливи и пропусливи почви. Од големо значење е да биде почвата обезбедена со храна во површинскиот дел поради краткиот дел на вегетација.
Семето на аисберг салатата се сее на длабочина од 10 мм. во палети, а са расадува на
стално место на растојание 30х30 см. или 9-10 растенија во м2.


Основната обработка е од големо значење на аисберг салатата. Аисберг салатата како и другите типови на салати бара длабока обработка на почвата, која има за задача потполно да ги отстрани растителните остатоци од предходната култура. Пред сеидбата површината во пластеникот мора да биде изравнета, а потоа добро да се исфрезира.
Аисберг салатата спаѓа во врстата на зеленчуци кои бараат доста Калиум во почвата, а исто така треба да биде застапен и Калциумот, бидејки делува на намалувањето од појавата на пропаѓање на лисјата. При избалансиран однос на К/Ca, се постигнува поголема отпорност од појавата на болести и штетници и подобар пораст на растенијата.
Од органските губрива се користат гранулирани ѓубрива во колична од 50-150 гр./м2 во заштитен простор, и се изведува рачно, а времето на примена треба да биде после основната обработка, односно предсеидбената припрема на почвата.
Минералните ѓубрива се употрбуваат со предходно извршена агрохемиска анализа. Основно ѓубрење се врши со НПК во однос 1:2:3 30-50 гр./м2. Прво прихранување кое се врши по расадувањето и второ во формирање на розета се врши со НПК 1:1:2, 20гр./м2.
Во најголем број на случаеви салатата се прихранува преку систем капка по капка, или преку распрскувачи. Количините на хранливи елементи по фази треба да се распоредат на 3-5 наводнувања.
Како што спомнавме наводнувањето се врши по системот капка по капка, но бидејки се работи за лиснат зеленчук, треба да се применува и оросување во комбинација со системот капка по капка. Не смее да се дозволи недостаток на вода и да дојде до засушување на коренот, бидејки стопирањето на развојот кај аисберг салатата многу тешко може да се врати повторно во нормален пораст.
Најчести појави на заболувања кај салатите се: пламеница, бело гниење и сиво гниење. Се користат заштитни средства со многу кратка каренца и тоа од 3-14 дена. Од штетниците кои се јавуваат кај салатите се : лисни вошки, трипс, црвена зелкова совица, памукова совица.

Бербата на аисберг салатата се врши со отсечување на цела глава(розета) во основата на стеблото. Потоа салатата се зема во рака и се отстрануваат долните листови кои се оштетени или застарени.Таквата аисберг салата е спремна за пакување.
Се пакува во картонска амбалажа посебно секоја глава во специјална фолија која не дозволува брзо испарување на влагата од лисјата. Во кутијата се редат 10-12 броја.
Така пакуваната салата се чува и транспортира на пониска температура, а со тоа не се дозволува испарување на влагата. Во такви услови на чување и транспорт салатата не ја губи свежината од 7-10 дена.
Таквиот тип на салата кај нас е слбо застапен, но согледувајки ги доста позитивните особини во исхраната и начинот на одгледување заслужува значително внимание и ширење на површините под аисберг салата.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë