VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Свет

Аеропоника - системи за одгледување растенија во домашни услови

Аеропоника е систем во кој корените постојано или повремено се изложени на средина заситена со ситни капки ( пареа или спреј) од хранлив раствор. За овој метод не е потребен супстрат и наложува растенијата да се одгледуваат така што корените им висат во воздух и повремено се мократ со фина пареа од атомизирани хранливи материи. Главната предност на аеропониката е одличната аерација.

Аеропонските техники се докажаа како исплатливи за размножување, ‘ртење на семиња, производство на семе за компири, производство на домати и микро-салати. Откако изумителот Ричард Стонер во 1983 година ја комерцијализира аеропонската технологија, аеропониката низ светот се употребува како алтернатива на хидропонските системи кои користат многу вода. Ограничувањеto на хидропониката е фактот што 1 кг вода може да содржи само 8 мг воздух, без разлика дали се употребуваат аератори. Друга значајна предност на аеропониката над хидропониката е тоа што кој било вид на растение може да се одгледува во аеропонски ситем, поради можноста микро-средината прецизно да се контролира. Ограничувањето на хидропониката е тоа што само одредени растенија можат долго време да преживеат во вода пред да се презаситат. Предноста на аеропониката е во тоа што аеропонските растенија добиваат 100 % од достапниот кислород и јаглерод диоксид до корените, стеблата и листовите, и со тоа се забрзува растењето на биомасата и се намалува гниењето.

Секако, почва, вода и светлина, ова се трите главни состојки за одгледување и одржување здрави растенија. Што се случува ако се отстрани почвата и во многу мало количество се употребува вода? Дали може во вакви услови да се одгледуваат растенија? НАСА со својот нов изум покажа дека растенијата можат да егзистираат и во вакви услови. Новиот апарат на струја на НАСА овозможи одгледување на растенија во текот на целата година, без да има потреба од почва. Оваа технологија е наречена “Аеропоника”. Извонредниот внатрешен микромлазен систем постојано ги прска корењата со вода збогатена со хранливи материи и кислород, така што плодовите растат поголеми и поцврсти. Она што е потребно да се направи е да се додаде вода во машината, каде што има семе, и корењата ќе се појават со текот на времето. Совршено е за одгледување билки. Цената на апаратот на струја за одгледување растенија во малопродажба изнесува 34,95 фунти (49,87 долари).
Растенијата добиваат нежна, благо пријатна нега која им е потребна преку процес кој ја штити животната средина, кој е ослободен од нечистотија, а користи многу малку вода. Овој процес, познат како “Аеропоника” им овозможува на растенијата да растат во средина полна со воздух ослободена од почва. Иако не се вкоренети во почвата, некои растенија, кои се одгледуваат аеропонично, всушност, се вкоренети во НАСА.

Ова истражување, комбинирано со повеќекратна поддршка од НАСА, помогна „Агри Хаус” (земјоделска куќа), која се наоѓа во Колорадо, да се здобие со кредибилитет на комерцијален пазар, со слична технологија и бруто-капитал, потребни да се спроведе дополнително истражување на нивите од новата ера, познато како биоземјоделство. Ричард Стоунер, претседател и основач на “Агри Хаус”, започнал со употреба на Аеропоника кон крајот на 80- тите години, со одгледување билки под пластеник. Користејќи свој, патентиран процес на аеропоника, Стоунер беше еден од единствените луѓе во САД што користеле Аеропоника во одгледувањето растенија во тоа време. Неговите растенија имаат развиено системи на здрави корења, при одгледување во беспочвена средина н а аеропоничниот систем за брзо растење наречен “Генесис”.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë