
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Агропрогноза: Опасност од појава на штетници
Зголемената релативна влажност на воздухот и високите дневни температури, укажуваат на опасност од појава на болести и штетници во текот на наредниот период, особено кај виновата лоза и овошките

Врнежите од дожд забележани во изминатиот период со вкупни количества кои на некои места надминаа и 130 л/м2 допринесоа за комплетно менување на вегетацијата кај земјоделските култури и состојабата со зголемена влага во почвата.
Позитивно влијание на ваквите врнежи има кај сите култури, но најголемо е кај овошките, кај кои во овој период се формираат цветните папки за наредната производна година, кои доколку ги немавме требаше да се наводнуваат.

Нестабилното време, ќе продолжи и во наредниот период пропратено со пороен дожд и грмежи, а на одредени места процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд. Ваквите состојби ќе ги пролонгираат одредени работи планирани на отворено. Температурите во наредните денови ќе допринесат за нормален развој на културите, зреење на раните и средностасните сорти овошки и грозје. Зголемената релативна влажност на воздухот и високите дневни температури, укажуваат и на опасност од појава на болести и штетници во текот на наредниот период, особено кај виновата лоза и овошките.
Ваквите временски услови ќе допринесат и за подобрување на состојбите во пчеларството околу формирањето на септемвриското легло кое треба да презимува.
Денес и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со
пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на
невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на
град. Од четврток следува период на стабилно, сончево и потопло време.
Б.А.Н.
