
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Агрометеоролошка состојба
Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 18.09.2020 год.

Стабилното време со надпросечни температури на воздухот кои достигнаа и 35 степени во изминатиот период допринесе за непречена берба на винските сорти грозје, како и берби на тутунот, сушење на истиот, и зреење и берба на градинарски култури.
За наредната седмица се очекуваат слични временски услови како измината седмица, но со температури на воздухот малку поумерени од забележаните во изминатата седмица, кои се очекуваат да не надминат 30 оС, што ќе овозможи да продолжат активностите на терен околу бербите на грозје, овошки, градинарски и индустриски култури.

Влагата во почвата има доволно за есенско заорување и припрема на површините за есенската сеидба.
Препораката за стимулативно прихранување на пчелните семејства останува и во наредниот период за успешно одгледување на зимското легло.
Од утре следува период со повремено зголемување на облачноста и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.
А. Г.
