
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Ќе се враќа персоналецот на замјоделците
Осумдесет милиони денари за персонален данок што биле задржувани од страна на откупните центри во текот на ланската година, ќе легнат на сметките на 17 илијади земјоделци.

Од следната недела Управата за јавни приходи ќе исплаќа поврат на персоланиот данок. Со оваа мерка сите оние лица на кои земјоделството им е основна дејност, а оствариле приход во 2018 година, не поголем од еден милион денари, ќе ги добијат средствата од персоналниот данок најдоцна до Нова Година, соопштуваат од УЈП.

Досега земјоделците беа ослободувани од плаќање на оваа давачка, но годинава наместо ослободување се врши поврат на задржаните 2 отсто при откуп на сите земјоделски производи.
Условот УЈП да ја изврши исплатата на персоналецот е земјоделецот да нема други приходи.
Земјоделците кои имаат приходи во текот на годината од над милион денари, задолжително ќе мора да се регистрираат како индивидуални земјоделци, трговец поединец или како правно лице. Доколку приходите надминуваат два милиони денари тогаш земјоделците ќе мора да се регистрираат и како ДДВ обврзници. Во министерството за земјоделство сметаат дека прагот од милион денари за пререгистрација, во иднина ќе треба да се помести на 2 милиони денари.
Б.А.Н.
