
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Нутриционист
Јапонско Јаболко
"Златно јаболко"

Егзотичното овошје кое го нарекуваме јапонско јаболко, крие сладок медов вкус под портокаловата кора. Кога е недозреано, јапонското јаболко го отрнува јазикот, заради што многумина имаат аверзија, но во зрела форма со темнопортокалова боја, покрај тоа што изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси, има и убав вкус и мирис.
Јапонските јаболка содржат многу малку калории (70 cal/100 g) и се богат извор на влакна.

Тие изобилуваат со антиоксиданси кои се познати по тоа што го спречуваат настанувањето на тумори и имаат портиввоспалително дејство.
Свежите лодови содржат витамин А, витамин Ц, кој особено ни е потребен за зајакнување на имунитетот. А Содржат и витамини од Б групата, како што е Б6 витаминот кои помагаат во разни метаболитички функции во телото
. Потоа содржи бета каротен, ликопен, лутеин, зексантин и крипоксатин кои играат важна улога во борбата против слободните радикали на кислород, кои го предизвикуваат стареењето, како и различни болести.
Јапонските јаболка се одличен извор на на калиум, магнезиум, бакар и фосфор.
Поради овие и многу други придобивки кои ни ги нуди ова т.н ''златно јаболко '' треба и тоа како да биде застапено на нашата трпеза и во нашите оброци во текот на денот.
Бузлевски Илија
