
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Нутриционист
Јагода
Јагодите содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите.

Јагодите (fragaria ananassa) се од вкрстени видови чиј плод јагода е црвен со срцевидна форма, пријатен мирис и сладок вкус кој освен што е хранлива, ниско калорична има и лековити својства.
Свежите јагоди содржат 36.00 калории на 100 грама, од кои 7.00 г јаглехидрати на 100 грама свежи јагоди, 0.50 g масти на 100 гр свежи јагоди и 0.70 g протеини на 100 гр свежи јагоди.
Јагодите се одличен извор на растителни влакна, витамин Ц, витамини од Б комплексот, антиоксиданти, калциум, фофор, калиум и др.

Јагодите содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Го намалуваат количеството на слободните радикали и го намалуваат ризикот од настанувањето на тумори и предвременото стареење. Растителните влакна овозможуваат подобро варење на храната, ја регулираат работата на цревата и помагаат срцето да биде здраво, го одржуваат крвниот притисок, го нормализира нивото на лошиот холестерол и го регулираат шеќерот во крвта.
Како одличен извор на калиум, јагодите помагаат за намалување на високиот крвен притисок и кардиоваскуларни болести, а манганаот делува антивоспалително, антиоксидативно и е одличен за здравјето на коските
Бузлевски Илија
