VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Ѓоко Данаилов: Заштита на добитокот од високи температури

Домашните животни кои се одгледуваат на фарми тешко се адаптираат на високите летни температури, што доведува до сериозни ризици по нивното здравје, но и до намалување на производството и пореметување во репродукцијата, вели Ѓоко Данаилов, национален координатор за сточарство, при Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието од регионалната единица - Неготино

Се поизвесно е дека ни престои долго, жешко и суво лето, судејќи според сегашните прогнози на синоптичарите. Тоа се случува и во неколкуте претодни години како резултат на климатските промени. Добитокот и останатите домашни животни во услови на високи летни температури, бргу се заморуваат, јадат помалку од вообичаеното со што не ги задоволуваат ниту одржните, ниту производните потреби. Се јавуваат пореметувања во репродукцијата, односно жешкото време негативно влијае врз формирањето и квалитетот на спермата кај машките приплодни грла, како и создавањето на абнормални јаце клетки и слаб процент на концепција кај женските грла.
Според она што го советува национарлниот координатор за сточарство од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, Ѓоко Данаилов, сточарите треба да обрнат внимание на неколку клучни поенти за да ги заштитат и превенираат несаканите последици од високите температури врз домашните животни. Пред се тоа се однесува на превенцијата од добивање на топлотни удари кои често може да завршат и со смрт.
„Колку е повисока температурата и релативната влажност на воздухот, толку животните потешко ја ослободуваат произведената топлина во околината. Заради тоа се јавува температурен стрес, првенствено кај животните кои престојуваат во затворен простор, а во краен случај и топлотен удар. Како настанува топлотен удар? Топлотниот удар настанува како последица на зголемено создавање на топлина во телото и проблемите со нејзиното ослободување во околината. Значи не станува збор за локално делување на директните сончеви зраци, туку за последица од силно загревање на организмот. За оваа состојба дополнително допринесува и отежнатото одавање на топлината во спарниот и топол воздух кој е презаситен со водена пареа. Топлотниот удар најчесто се случува во лето во пренаселени објекти во кои вентилацијата е слаба или не постои, но и за време на превоз на стоката со транспортни средства во кои нема соодветна вентилацијата или се транспортира повеќе стока од дозволените норми. Топлотниот удар се забележува и кај коњи за работа кога времето е спарно, особено ако животните се гојазни. Животните заради топлотниот удар почнуваат да се тетерават, а после тоа обично паѓааат, како да се во длабока анестезија. Пулсот им е покачен и слабо се слуша, дишењето е површно, а телесната температура е зголемена. Во таква состојба срцевите тонови на животното се слаби и неправилно се слушаат, а видливите слузници попримаат сино-модра боја. Ако на таквото животно не му се помогне, смртта може да настапи веднаш или за неколку часа“, вели Данаилов.

Животните кои доживеале топлотен удар треба да се полеваат и тријат со ладна вода и на тој начин да се проба да се намали телесната површина. На животните треба да има се даде вода за пиење, затоа што тоа го зголемува лачењето на пот, а тоа доведува површинско ладење на телото. Исто така треба што побрзо да се повика ветеринар кој ќе му даде на животното средства за нормална работа на срцето и крвотокот, а по потреба и средства за спречување на дехидрација. Спречување на топлотен стрес, односно топлотен удар, се спроведува така што при температури над 30°С и релативна влажност од 80%, животните треба дополнително да се разладуваат, со полевање на лежиштата со ладна вода или со распрскување на вода со вентилатори, односно со тушеви над просторот на престој на животните. Ова пред се, се однесува за говедата, свињите и живината затоа што овие животни најтешко ги поднесуваат високите температури и релативната влага на воздухот во објектот. На животните може да им се помогне со летните горештини така што ќе се засили работата на вентилаторите во објектот или ќе се створат услови за поголема природна измена на воздухот, отворање на прозорци и врати. Денешниот начин на изградба на објекти, првенствено во говедарството - полуотворен систем на држење - значително ги подобрува условите за одгледување на стока од затворените објекти. Значи објектите со надворешна климатизација треба повеќе да се препорачуваат во одгледувањето на говеда, од досегашното традиционално држење во затворени објекти, бидејќи подобрените услови за одгледување на животни позитивно влијаат и на нивните производни резултати.






Данаилов советува и дека животните во лето треба да се хранат дури кога ќе зајде сонцето „Во период кога животните се повеќе изложени на топлотен стрес пожелно е да се хранат по зајдисонце, затоа што ниските температури во текот на ноќта помагаат стоката да закрепне од влијанието на високите дневни температури. Освен тоа напасувањето треба да се организира така што животните се пуштаат на пасиштето наутро во 7 часот, по молзењето и таму да останат до пладне. Потоа се враќаат во шталата и до 17 часот, односно до вечерното молзење се хранат со пченкарна силажа по воља. После повторно се пуштаат на пасиште, каде остануваат до 22 часот. Ноќта ја поминуваат во шталата со прихрана со пченкарна силажа. Ваквиот наизменичен начин на исхрана со напасување и пченкарна силажа може да го зголеми производството на млеко за 10% од традиционалниот начин на напасување, кој трае од 7 до 17 часот со прихрана на кравите во шталата со силажа. Со наизменичниот начин на исхрана се постигнува поволен сооднос на протеините и енергијата во оброкот, а се овозможува и подобра синхронизација на варењето во бурагот, што е многу важно за оптимално производство на млеко. При овој начин на производство треба да се предвиди потребата од повеќе работна сила за изнесување и собирање на стоката. На пасиштата каде што стоката престојува поголемиот дел од денот, а нема природна заштита, треба да се изградат настрешници како би можела таа да се засолни за време на жешките периоди. Стоката сама бара сенки на пасиштата и не пасе од 11 до 15 часот“, потенцира тој.
Покрај горе наведеното на животните во текот на летото треба да им се обезбеди доволна количина свежа вода за напојување. Во текот на еден ден на пример на млечна крава и се потребни од 50 до 75 литри вода, на телињата од 8-10, а на коњите околу 70 литри вода. Кај крмача со прасиња оваа количина е 60 литри кај нерезите 50, а кај гоениците од 20-25 литри вода.Кај овците и козите дневните потреби се до 10 литри вода по грло, а кај живината од 0, до 0,8 литри вода на ден. Потребите за вода зависат од видот и категоријата на животните, нивната старост, физиолошката состојба, начинот на исхрана, продуктивноста и условите во околината. Значи, зависно од тежината на животните, количината на сува материја, влакната и минералите во исхраната, физиолошката состојба, како и од температурата и релативната влага во воздухот зависи и количината на потребната вода за нивно напојување.



Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!